Свет
Револверашката младост на Силвио Берлускони
Италијанскиот весник L´espresso во вторник објавува досега непознати фотографии од младоста на актуелниот премиер Силвио Берлускони кој позира додека на неговото работно биро лежи пиштол „магнум-357“
Во 1977 г., во периодот кога е направена фотографијата, сега милијардерот и премиер на Италија, Силвио Берлускони бил амбициозен и перспективен претприемник, а неговата земја живееше во постојан страв од кидnапирања и атентати кои ги изведуваа екстремно левичарските организации од кој најопасна беше Црвените бригади. Фотографиите според весникот се откриени сосема случајно додека деновиве бил расчистуван фотографски дуќан и дигитализирање на фототеката на авторот. Неделникот L´espresso објавувајќи ја оваа фотографија објавува и интервју со нејзиниот автор, фотографот Алберто Ровери. Повод за настанувањето на фотографијата според Ровери е самата појава на Берлускони во претприемничките кругови кој во тоа време ја водел изградбата на новата миланска населба позната како проектот Милано и неговата најава да влезе во медиумите со купувањето на Il Giornale и отворањето приватна телевизиска станица. Ровери рекол дека во разговорот никој не смеел да ги попречува, а Берлускони дури го одбил и телефонскиот повик од тогашниот градоначалник на Милано. Единствениот кому му било дозволено да го прекине интервјуто бил Мерчело дел Ури кој деновиве е осуден за мафијашко здружување. Во тоа опасно време кога од богатите се барале големи откупи, покрај екстремистите, киднапирања вршела и мафијата, кај Берлускони бил вработен Виторио Мањано од Палермо, кој подоцна е осуден како мафијаш за две убиства. Берслускони подоцна негираше дека знаел дека Мањано бил припадник на мафијата, но сведокот Гаспаре Мутоло Аспарино и самиот мафијаш, рекол дека тие години требало да го киднапираат човекот што го градел Милано 2, значи самиот Берлускони. Аспарино рекол дека за грабнувањето на Берслускони биле ангажирани 18 души, но дека кога разбрале оти негов телохранител станал Мањано се откажале.Кабиентот на италијанскиот премиер за весникот немал коментар ниту на фотографиите, ниту на интервјуто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пет големи европски земји: „Сакаме поевропско НАТО“
Франција, Германија, Италија, Полска и Обединетото Кралство најавија дека сакаат да преземат поголема одговорност за безбедноста на Европа преку создавање „поевропски НАТО“. Изјавата беше усвоена по состанокот во Краков, каде министрите за одбрана нагласија дека НАТО останува темел на колективната одбрана, но дека европските земји треба повеќе да придонесуваат.
Петте држави (формат Е5) се обврзаа на дополнително зајакнување на одвраќањето и одбраната со цел спречување евентуална руска агресија и справување со безбедносните закани. Тие повикаа и на „праведна распределба на товарот“ меѓу сојузниците.
Во фокус е и зголемувањето на издвојувањата за одбрана. Полска веќе издвојува 4,48% од БДП, додека Франција, Италија и Шпанија се околу 2%. Прашањето за трошоците ќе биде клучно и на самитот на НАТО во 2025 година во Хаг.
Лидерите нагласија дека секој мировен договор меѓу Украина и Русија мора да биде придружен со „цврсти“ безбедносни гаранции за Киев. Според нив, силна украинска армија е првата гаранција за траен мир, а евентуален прекин на огнот не смее да стане вовед во нова агресија.
Регион
Трамп ги спомена Србија и Косово: Ако не се согласувате, јавете ми се
Набројувајќи ги конфликтите што ги реши во претходниот период, претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера на состанокот на Одборот за мир ги спомена Србија и Косово, велејќи им на лидерите сами да продолжат да ги решаваат проблемите, а ако не можат – да го повикаат.
„Еден пример се Косово и Србија“, рече Трамп, повикувајќи ги лидерите да станат, иако Србија не се приклучи нa Oдборот, додека претседателката на Косово, Вјоса Османи, стана од своето место кога Трамп ја повика.
„Косово, Србија. Јас го направив тоа. Можете ли да станете, ако некој од вас е тука? Само станете на секунда. Косово, Србија, станете! Ви благодарам многу! Го цениме тоа! Одлично, а вие се согласувате. И кога не се согласувате, ме викате и ќе го решиме тоа, нели? Ќе го решиме“, рече Трамп на првиот состанок на Мировниот комитет, јавија српскките медиуми.
Вчера, во Вашингтон се одржа првата седница на Одборот за мир, основан на иницијатива на Трамп, а тоа е тело кое треба да работи на решавање на глобални безбедносни кризи и војни.
Првата задача, како што беше најавено, ќе се однесува на конфликтот во Појасот Газа.
Во јуни 2025 година, американскиот претседател одржа прес-конференција во Хаг на која се пофали со своите достигнувања, за кои верува дека ги постигнал како претседател на Америка.
Еден од примерите што ги наведе Трамп е дека, како што рече, тој спречил потенцијален конфликт меѓу Србија и Косово.
„Србија токму беше на прагот да го стори тоа, но ние го спречивме“, рече Трамп тогаш.
Свет
Мерц: Меѓународниот поредок базиран на права повеќе не постои
Германија мора да се наметне и да преземе поголема одговорност во преобликуваниот светски поредок, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц.
За време на својот говор на конференцијата на неговата партија, Христијанско-демократската унија (CDU), тој оцени дека меѓународниот поредок базиран на права повеќе не постои, пренесува Ројтерс.
„Ова ќе доведе до создавање нова голема стратегија за Германија во обединета Европа. Покажуваме храброст да ја обликуваме иднината и храброст да се наметнеме“, рече Мерц.
Конгресот на ЦДУ се одржува денес и утре, 21 февруари, и тоа е првиот голем состанок на партијата откако Мерц ја презеде функцијата канцелар во мај минатата година, пренесува Танјуг.

