Свет
Обиди во последен миг да се спасат израеско палестинските преговори
Израелските, палестинските и американските преговарачи се во паника да најдат компромис кои ќе овозможи продолжување на кршливите мировни преговори за блискиот исток, пред да истече забраната за изградба на еврејски населби на палестинска територија денеска на полноќ, пишува AP
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја воведе десетмесечната забрана за изградба на нови населби во Западниот брег и во последниве неколку дена повеќе пати повтори дека нема да ја продолжи и покрај јавните повици од американскиот претседател Барак Обама да го стори тоа. Палестинците цврсто стојат на својот став дека ќе ги напуштат преговорите ако не биде продолжена забраната за изградба на нови населби. Ако сите вмешани страни не успеат да најдат компромис, крајот на забраната на полноќ ќе значи крај на мировните преговори, кои започнаа во белата куќа пред неполн месец.Од Вашингтон во Израел се вратија израелскиот претседател Шимон Перес и министерот за одбрана Ехуд Барак, кои таму учествуваа во обидите да се најде компромис. Во Вашингтон останаа главните преговарачи на Палестинците, Саеб Ерекат и на Израел, Јицак Молчо, кој до последен миг ќе се обидуваат да ги спасат преговорите. Неколку илјади еврејски доселеници во Западен брег во недела излегоа на собир, на кој ќе ги бројат часовите до истекот на забраната. Тие и нивните подржувачи го притискаат премиерот да си го одржи експлицитното ветување дека забраната за изградба нема да биде продолжена. Веднаш по завршувањето на забраната се очекува да продолжи изградбата на околу две илјади нови домови за доселениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Шји Џјинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг, изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа, а денеска станува првата европска земја во која ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Шји во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата „Србија“.
Тој посочи дека како вистински пријатели и добри партнери Кина и Србија уживаат политичка доверба, која е силна како карпа.
Свет
Во Берлин нападната сенаторка, трет напад врз владин политичар за само неколку дена
Германската полиција соопшти дека поранешната градоначалничка на Берлин, сенаторката Франциска Гифај била нападната во локалната библиотека каде непознат маж ја удрил одзади со торба наполнета со тежок предмет, а потоа побегнал.
Во нападот Гифај, која сега е министерка за економија на Берлин и член на партијата СПД на канцеларот Олаф Шолц, беше полесно повредена.
Нападот врз Гифаи е трет напад врз владин политичар за само неколку дена, пренесува Ројтерс.
Свет
(Видео) Авион на Боинг принудно слета на аеродромот во Истанбул, екипажот безбеден
Товарен Боинг 763 принудно слета на аеродромот во Истанбул, по дефект на опремата за слетување, јавија државните медиуми.
Екипажот е безбедно евакуиран, јави државната телевизија ТРТ, пренесува ДПА.
Авионот, во сопственост на американската компанија за испорака Федекс, бил на пат од Париз. Неговата опрема за слетување на носот претрпела дефект додека се приближувал кон Истанбул.
Teretni avion sletio na trup na Aerodromu u Istanbulu https://t.co/7GDTFSZtkY pic.twitter.com/lUD5URlsE0
— Anadolu BHSC (@aa_balkans) May 8, 2024
Контролната кула била информирана и биле преземени неопходните мерки на претпазливост пред авионот да слета во 08:17 часот по локално време, соопшти ТРТ, повикувајќи се на Министерството за транспорт.