Свет
Русија гради нов радарски систем
Руското министерство за одбрана планира да ја активира радарската станица „Воронеж-ДМ“ во Армавир во јужна Русија, како и да изгради уште неколку нови радари за да може да им се спротивстави на евентуалните закани, јавува РИА Новости
Генерал Олег Остапенко, командант на руските вселенски сили за новинарите изјави дека новите радарски станици ќе бидат изградени „за да ги заменат постојните радарски системи и да одржуваат постојана радарска контрола на сите можни закани од проектили“.Радарот Армавир ќе биде втора постројка, по радарскиот комплекс во ленинградскиот регион, со кој ќе се затвори јазот во радарското покривање на западните руски граници, откако беа затворени радарските постројки во Скрунда (Летонија) во 1998 г. и неодамна во Мукалчево и во Севастопол во Украина.Со ефективен дострел од 4.000 километри, радарот од класата „Воронеж“ има слични капацитети како и неговите претходници, „Дњепар“ и „Дарјал’, но користи помалку енергија и е поеколошки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

