Свет
Парагвајскиот претседател итно префрлен во болница во Бразил

Парагвајскиот претседател Фернандо Луго кој се лекува од карцином, заради инфекција опасна по неговиот живот итно е префрлен во Бразил во сабота навечер, неколку денови откако бил хоспитализиран, пренесува Reuters цитирајќи соопштение на владата
Фернандо Луго е поранешен католички свештеник и бискуп кој е на чело на Парагвај две години. Тој во август почна со земањето хемотерапија заради заболувањето нон-ходгкин лимфом. Влошувањето на здравствената состојба на Луго, значи дека ќе бдие привремено заменет од потпретседателот Фредерико Франко кој честопати влегуваше во отворени судири со претседателот поради левичарските ставови на поранешниот свештеник Луго. Франко за локалните медиуми изјавил дека нема да ја искористи болеста на Луго, и според коалицискиот договор со кој настапија на претседателкисте избори, ќе го заменува до неговото враќање. Франко во случај на смрт на 59-годишнито Луго ќе ја преземе претседателската фунцкија и ќе распише нови избори.Аналитичарите сметаат дека ако Франко ја преземе должноста, Парагвај кој е четврти светски извозник на соја, ќе заземе десен курс. Претседателто Луго иако изјави дека неговата болест нема да му пречи во извршувањето на функцијата, во четвртокот беше хоспитрализиран во главниоѕ град Анунсион. бидејќи му се слошило. Неговиот личен лекар изјавил дека е утврдена инфекција во делот на грлото која хируршки може да биде санирана во бразилската болница во која Луго ја прима хемотерапијата. Инаку Луго беше во центарот на скандали со тестирање за татковско за што го обвинија неколку девојки, за деца кои ги зачнал ддоека бил свештеник и во претседателската кампања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.
Свет
Германскиот шеф на дипломатијата: Самитот во Унгарија е втор обид Путин да сфати сè сериозно

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денес изјави дека планираните разговори во Будимпешта меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се уште еден обид да се охрабри Путин да се вклучи во сериозни преговори, но нагласи дека Украина мора да биде вклучена во секоја одлука.
Вадефул го изјави ова за време на посетата на Анкара, каде што се сретна со својот турски колега.
Украина не беше поканета на разговорите меѓу Трамп и Путин.
Свет
Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека бил принуден да ја воведе поради потегот на Пекинг да ги заостри контролите на извозот на ретки метали неопходни за технолошката индустрија, пренесе „Ројтерс“.
Во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк“, Трамп рече дека мерката е одговор на одлуката на Кина да го прошири надзорот над извозот на минерали со кои таа доминира. И покрај остриот тон, тој потврди дека за две недели ќе се сретне со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Јужна Кореја, додавајќи дека сè уште е можен фер договор со Кина.
Пазарите реагираа позитивно по неговата изјава, берзанските индекси на Волстрит забележаа раст, а американскиот министер за финансии Скот Бесент и кинескиот потпретседател Хе Лифенг најавија телефонски разговор за продолжување на трговските преговори.