Свет
Американските шифри за нуклеарен напад во времето на Клинтон исчезнале неколку месеци
Една од најврвните тајни на светот, шифрите кои на американскиот рпетседател му овозможуваат да го започне никлеарниот напад „неколку месеци ги снемало“ додека рпетседател на САД беше Бил Клинтон, пишува во мемоарите Хју Шелтон поранешен началник на генералштабот
Шифрите за почнување на американскиот нуклеарен напад популарно наречени „колачиња“ секогаш се на дофат на претседателот на САД и треба да се под заштита на еден од неговите помошници.„Во еден момент во времето на администрацијата на Клинтон, шифрите исчезнаа неколкиу месеци,и се доденес, колку што јас сум запознат, тоа не е откриено“, пишува поранешниот началник на генералштабот на америкснките сили, Хју Шлетон во книгата која деновиве е обајвена под насловот „Без двоумење: Одисеата на американскиот воин“.Помошникот на тогашниот американски претседател Бил Клинтон во 2000 г. ги загубил шифрите а кога неговиот колега од Пентагон дошол во Белата куќа да ги потврди шифрите што е во рамките на рутинската месечна процедура, бил грубо одбиен од помошникот кој одговорил дека шифрите се кај претедателто Клинтон, но дека е зафатен со важен состанок, се наведува во книгата на пензионираниот генерал Шелтон.„Таа комедија на забуна траеше, а сигурен сум дека Клинтон тоа не го знаеше, се додеја не додјде времето да се заменат шифрите што се прави на секои четири месеци“, рекол Шелтон кој наведува дека кога самиот дознал за ова веднаш заминал кај тогашниот министер за одбрана со зборовите „Нема да веруваш“.Подоцна се покажало дека дигиталната картичка со шифрите за нуклеарен напад никогаш не биле кај Клинтон. По овој инцидент била променета целата процедура, и не се оствариле страхувањето дека шифрите може да се појават на насловната страница од некој весник.Полковникот Роберт Патерсон, еден од луѓето чија задача била да ја носи актовката на претседателот Клинтон, во неговата книга објавена пред седум години напишал дека заборавниот Клинтон двапати ги загубил картичките, наводно двапати ги заборавил во џебот од неговите панталони каде што ги држел заедно со неговите кредитни картички, пишува Daily Telegraph .Првиот пат тој ги оставил во Белата куќа кога отишол да игра голф, и вториот пат во почтокот на 1998 г. кога помошниците ја превртеле целата Бела куќа барајќи ги претседателковите панталони без да ги најдат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на Телеграм соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети најверојатно биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, била и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на Телеграм, се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата Телеграм.
Ројтерс сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Свет
Силен земјотрес го погоди Тајван
Тајван беше погоден од земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер во 9:45 часот.
ЕМСЦ наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и 38 километри оддалечен од Хуалиен, кој има 350.000 жители.
Засега нема информации за значителна материјална штета или жртви.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.