Свет
Вулканот Мерапи еруптираше повторно, шест загинати
Вулканот Мерапи на истоимената индонезиска планина денеска повторно еруптираше, а во последната од серијата ерупции во последните девет денови загинаа шест луѓе.Со ова вкупната бројка жртви се зголеми на 44, а повеќе од 75 илјади лица ги напуштија своите домови.Областа околу градот Јогјакарта кој е културен центар на индонезискиот остров Јава, во близина на планината Мерапи е исто така погодена од силен пороен дожд, кој ја лади лавата којашто се разлила низ неколку напуштени села.Сутопо Пурво Нугрохо, директор на службата за санирање на штетите од Националната агенција за управување со катастрофи (БНПН), изјавил дека итните засолништа биле дислоцирани на 15 километри заради зголемената сила на ерупциите.Селаните се евакуираат во засолништата, понекогаш и насилно, откако минатата седмица беше официјално издадено предупредување со највисоко ниво за опасност од вулканот.Министерството за транспорт на Индонезија издало привремена забрана за авионски летови во близината на областа околу Мерапи, изјавил портпарол на Министерството Бамбанг Ерван.„Ние ги затворивме воздушните патишта во областите погодени од ерупциите и ги пренасочуваме северно и јужно од Мерапи“, изјавил Ерван за Ројтерс.Тој додал дека сепак аеродромите во Соло и Јогјакарта сè уште работат.Индонезиските власти, исто така, се борат и со последиците од цунамито што минатата седмица ги погоди оддалечените острови на Суматра – Ментавеј, при што загинаа 431 луѓе, а 88 сè уште се исчезнати.Агенцијата Ксинхуа денеска јави дека на островите на покраината Источна Нуса Тендара, во поплавите загинале најмалку 15 луѓе. /крај/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.