Свет
Уапсен кинески адвокат за човекови права
Реномираниот кинески адвокат за човекови права, Мо Шаопинг, чија канцеларија го застапува нобеловецот Лиу Ксиаобо, бил спречен од полицијата на аеродромот во Пекинг да се качи на летот за Лондон, каде што требало да учествува на меѓународна конференција, пренесува Асssocaited Press
Адокатот Мо Шаопинг изјави дека полицајците му посочиле многу нејасни причини за нивното однесување, иако е само дел 0од бранот на нови репресии врз независните активисти, кои го поддржаа кинескиот нобеловец за мир. Сопругата на Лиу Ксиаобо и десеттина други дисиденти се ставени во куќен притвор или под постојан мониторинг, во очигледен обид да ги спречат да присуствуваат на церемонијата на доделување на Нобеловата награда во Осло на 10 декември.„Двајца полицајци не одведоа во една канцеларија на аеродромот и ни рекоа дека ни е забрането да патуваме во странство бидејќи тоа би можело да и наштети на безбедноста на земјата. Полицајците ни ги покажаа своите значки, но немаа ниту еден официјален документ или судски налог. Мо додаде и дека бил задржан заедно професорот на Универзитетот во Хонг Конг, Хе Веифанг.Кинескиот закон кој го уредува прашањето на влегувањето и излегувањето од земјата на кинеските граѓани, содржи клаузула со која на полицајците им е дозволено да не дозволат излез во случај на „закана по националната безбедност или сериозно им штети на националните интереси“.Мо повеќе години е еден од најпознатите адвокат за човекови права во Кина, но до сега успеваше да ја одбегне судбината на неговите колеги, кои беа отстранети од адвокатската комора, апсени или малтретирани како казна за нивните дејности како активисти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

