Свет
Иран ќе продолжи да преговара на 15 ноември

Иранската полуофицијална новинска агенција „Мер“ денеска објави дека Иран ќе ги продолжи преговорите со меѓународната заедница за својата нуклеарна програма на 15 ноември, пренесува Асошиејтед прес
Агенцијата го цитира шефот на иранската дипломатија, Манучер Мотаки, кој вели дека „очекува“ преговорите да продолжат на овој датум. Тој во неделата ја предложи Турција за домаќин на преговорите.
Преговорите се водат помеѓу Иран од една страна и САД, Русија, Кина, Британија, Франција и Германија, од друга. Шесте светски сили се сомневаат дека Иран дека под закрилата на цивилната нуклеарна програма, Техеран развива атомски оружја. Иран ги отфрла обвинувањата.
Преговорите за иранската нуклеарна програма беа прекинати пред една година. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Претседател на Таџикистан: Го победивме коронавирусот

Претседателот на Таџикистан, Емомали Рахмон, изјави дека епидемијата на коронавирус заврши во таа мала и сиромашна земја во Централна Азија.
Според официјалните податоци, таа поранешна советска република, сосед на Авганистан, имала само десетина нови случаи на коронавирус од почетокот на годината и нема смртни случаи поврзани со Ковид-19.
Официјалните податоци, кои се исти повеќе од две недели, покажуваат дека од април минатата година се регистрирани 13.308 лица заразени со коронавирус, 90 починале, додека 13.218 лица закрепнале од болеста. Во моментов нема активни случаи во Таџикистан, кој има 9,5 милиони жители.
„Можеме со сигурност да кажеме дека повеќе нема коронавирус во Таџикистан“, рече претседателот Рахмон (68) во парламентот, но предупреди дека нема опуштање и дека мора да се почитуваат правилата за лична и јавна хигиена.
Претседателот исто така рече дека на сите што ќе дојдат во Таџикистан ќе им биде доделен 14-дневен домашен карантин под надзор на матичните лекари.
Таџикистан, кој е многу сиромашен, има голема дијаспора во Русија и Казахстан.
Властите планираат по девет месеци да ги отворат џамиите следната недела.
Европа
Шведска ги запре плаќањата кон „Фајзер“

Шведската здравствена агенција објави дека ги запрела плаќањата кон компанијата „Фајзер“ и бара појаснување за количините на дози на вакцина против Ковид-19 во едно шишенце, пишува весникот „Дагенс Нихетер“.
Шведска побара објаснување откако „Фајзер“ објави дека секое шише содржи шест дози, а не пет, како што е договорено.
Официјален Стокхолм сега сака Европската комисија и „Фајзер“ да постигнат договор за тоа колку дози вакцина содржи едно шишенце.
„Дотогаш, ја известивме компанијата дека треба да почекаме со плаќањата додека не добиеме појаснување за тоа на што се однесуваат“, рече главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел.
Од канцеларијата на „Фајзер“ во Шведска одбија да ги коментираат наводите на шведскиот весник за „Ројтерс“, но на „Дагенс нихетер“ му беше кажано дека се наплатуваат шест дози по шишенце.
Европа
Бразилскиот вид на Ковид-19 пристигна во Италија, вирусолозите предупредуваат дека вакцината не е ефикасна против него

Болница во градот Варезе, во регионот на Ломбардија, лекува лице на кое му е дијагностициран првиот случај во Италија на бразилскиот вид на Ковид-19. За еден ден, во Италија имало 420 смртни случаи и 8.000 нови случаи на инфекција со Ковид-19, пишува агенцијата Анса.
„Доколку се зголеми бројот на лица заразени со бразилскиот вид на Ковид-19, потребно е веднаш да се воведе строг карантин, да се затвори сè, бидејќи вакцината што се користи во моментов не е ефикасна против таа варијанта на вирусот“, тврди вирусологот Андреа Крисанти, директор на микробиологија на Универзитетот во Падова.
Во Италија, граѓаните се вакцинираат само со вакцината на „Фајзер“, американски производител што ја намали испораката на договорените количини на лекот.Италијанската влада затоа покрена законски мерки против производителот на Фајзер-Бионтек, бидејќи намалувањето на испорачаните количини го компромитира владиниот план за масовно вакцинирање на населението.
Во меѓувреме, Европската Унија воведе ознака, темноцрвена, за деловите од земјите членки каде, според проценките, најголема е опасноста од ширење на инфекцијата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот