Свет
Преку милион луѓе засегнати од поплавите во Колумбија
По неколкунеделните поројни дождови во Колумбија билансот на загинати е 136, а повеќе од 1,2 милиони луѓе се принудно иселени или повеќе немаат каде да живеат, соопштија владините агенции, пренесува Ројтерс.Според колумбискиот Црвен крст, од јуни, кога почна најлошата дождовна сезона во земјата во последниве три децении, жестоките поплави и лизгањето на земјиштето уништија повеќе од 200.000 домови во сите освен во пет од 32-колумбиски провинции. „Се наоѓаме во степен на висока подготвеност. Покрај големиот број на мртви и раселени, водостојот на реките се уште е многу висок, земјата е натопена со вода, поплавите го уништија земјоделството, а патиштата се уништени“, вели Карлос Иван Маркез, шеф на колумбискиот Црвен крст. Тој ја повика меѓународната заедница да обезбеди финансиска помош за справување со последиците. Локалните метеоролози за состојбата го обвинуваат временскиот феномен „Ла Нина“, кој предизвикува намалување на температурата на водите на Тихиот океан. Според експертите, само во престолнината Богота за еден ден во ноември наврнало повеќе дожд отколку за вообичаено за еден месец. Истите експерти предвидуваат дека силните дождови ќе продолжат да ја поплавуваат Колумбија и во првите месеци на наредната година, со што нараснаа стравувањата дека поплавите ќе се претворат во постојана национална вонредна состојба. /крај/ројтерс/сс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

