Контакт

Свет

Два авиона на „Делта ерлајнс“ принудно слетале поради дефект на моторите

Објавено пред

Во временско растојание од само еден час, два патнички авиони на американската авиокомпанија „Делта еарлајнс“ со 400 патници биле принудени непланирано да слетаат поради проблеми со моторите, пренесува Ројтерс.

Авионот „боинг 767“ што се движел на летот 30, од Њујорк до Москва со 200 патници, безбедно се вратил на аеродромот „Џон Кенеди“ веднаш по полетувањето,    утрово во 5 часот и 45 минути по локално време.

Нецел час по овој инцидент на аеродромот во Атланта, Џорџија морал принудно да слета и авионот на летот 125 за Лос Анџелес, исто така „боинг 767“, со 190 патници и 11 членови од екипажот. Авионот во текот на слетувањето ја изгубил опашката, но сепак успеал безбедно да се приземји. /крај/ројтерс/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Британија ги смени законите за „локдаун“ – можно затворање на рестораните и продавниците до 17 јули

Објавено пред

Британската влада ги смени законите за „локдаун“ без многу врева, со што го олесни донесувањето одлуки за затворање пабови, ресторани, продавници и јавни места до 17 јули, објави Телеграф.

Премиерот Борис Џонсон во петокот рече дека Владата не размислува за ублажување на рестриктивните мерки, имајќи предвид дека бројот на заразени со коронавирусот не се намалува, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека мерките ќе останат на сила се додека во Владата не се уверат дека програмата за вакцинација влијае на запирање на ширењето на епидемијата.

Прикажи повеќе...

Свет

По неколку месеци објавен првиот локален пренос на Ковид-19 на Нов Зеланд

Објавено пред

Високи здравствени службеници од Нов Зеланд објавија дека го испитуваат првиот потенцијален случај на локално пренесување на коронавирусот првпат по неколку месеци, а станува збор за 56-
годишна жена која дошла од странство.

По враќањето во Нов Зеланд, таа била позитивна на тестот на 30 декември, неколку дена по завршувањето на задолжителниот карантин на границата, каде што тестот покажал дека е двапати негативна, објави Ројтерс.

„ Работиме на претпоставка дека ова е позитивен случај и дека станува збор за многу заразен вид, не знаеме дали станува збор за варијантата од Јужна Африка или Британија, потенцијално и од Бразил или некој четврти“ изјави министерот за здравство, Ешли Блумфилд.

Не е познато како жената се заразила, додаде Блумфилд, но бидејќи беше позитивна на тестот неколку дена по напуштањето на карантинот, властите веруваат дека можеби имало локален пренос

Прикажи повеќе...

Регион

Во Загреб почина 11-годишно дете кое имало коронавирус

Објавено пред

11-годишно момче почина во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести Д-р Фран Михаљевиќ во Загреб како резултат на инфекција со коронавирус.

Ова е најмладото починато лице како резултат на Ковид-19 во Хрватска, пренесува 24сата.хр.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, момчето не страдало од други болести, но имало ретка компликација што лекарите почнале да ја забележуваат кај мал број деца кои биле заразени.

Наводно, имало мултиоргански воспалителен синдром кој се јавува како прекумерен имунолошки одговор.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион18 минути

Во Загреб почина 11-годишно дете кое имало коронавирус

11-годишно момче почина во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести Д-р Фран Михаљевиќ во Загреб како резултат на...

Регион2 часа

Вучиќ: Британскиот вид на коронавирус стигна во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во телевизија Прва изјави дека британскиот вид коронавирус пристигнал во Србија и дека го донела...

Свет2 часа

(Видео) Извлечени 11 рудари по 14 дена поминати под земја

Спасувачите во Кина успеаја да извлечат 11 рудари живи на површината. Тие две недели беа заробени 600 метри под земјата...

Регион3 часа

Куче го чекало сопственикот цела недела пред болница

Верно куче речиси една недела чекало пред болница во Турција, додека не излегол неговиот сопственик, каде се лекувал. Женката по...

Свет3 часа

Британски експерт: Вакцинираните луѓе пак можат да го шират вирусот

Луѓето кои примиле вакцина против Ковид-19 сепак може да го пренесат вирусот на други и треба да продолжат да ги...

Регион4 часа

Турција потпиша договор со Русија за производство на вакцината Спутник V

Рускиот фонд задолжен за производство на вакцината Спутник V (РДИФ) објави дека компанијата потпишала договор за производство на руската вакцина...

Свет4 часа

(Видео) Истрага за насилните протести во Русија, поддршка од Германија

Истражителите отворија кривична постапка по извршени незаконски активности на недозволениот собир во центарот на Москва. Покренати се постапки и поради...

Регион18 часа

Вучиќ: За 72 часа Србија ќе биде втора во Европа и петта во светот според стапката на вакцинација

Србија во моментов е четврта во Европа според стапката на вакцинација, верувам дека во следните 72 часа ќе бидеме втори...

Топ19 часа

Приведени вкупно 97 илегалци кои работеле како градежници кај Стара железничка

Бројот на приведени илегалци кои работеле како градежници на градилиштата кај Стара железничка во Скопје од 50 се искачи на...

Свет20 часа

Скандал во Шпанија: Се вакцинирале војници и политичари, а не и приоритетните групи

Шпанските војници и политичари кои се вакцинирани против коронавирус, а не биле приоритетна група, се во центарот на јавен спор...

Топ21 час

Удавен маж пронајден во водите на Пчиња, претходно бил пријавен за исчезнат

Во близина на мостот на автопатот Велес-Катланово, во водите на реката Пчиња, вчера бил пронајден починат 73-годишен маж. Според информациите...

Свет21 час

(Видео) Над 1.600 луѓе уапсени на протестите во Москва

Во центарот на Москва денеска се собраа илјадници луѓе во знак на поддршка на уапсениот опозиционер Алексеј Навални. At least...

Македонија24 часа

Во Македонија 347 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 347 нови случаи на коронавирус, 11 лица починаа, а 378 оздравеа, соопшти...

Свет1 ден

Десетгодишно девојче се задуши во Италија, родителите тврдат дека учествувало во „ТикТок“ предизвик

Италијанската агенција за регулирање на приватноста на податоците вчера ѝ нареди на апликацијата „ТикТок“ да ги блокира сметките на сите...

Топ1 ден

Седумдесет и седумгодишен возач во Скопје удрил во пешак и избегал

Седумдесет и седумгодишен старец со автомобил удрил во пешак и избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во...

Топ1 ден

Пронајдено оружје и муниција во куќа во Скопје

Полицијата пронајде оружје во куќа во Скопје, а сопственикот е приведен. Според информациите на МВР, вчера бил приведен З.Д(49) од...

Македонија1 ден

Во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани 20 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 20 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а...

Свет1 ден

Повеќе од 100 припадници на Националната гарда кои беа на инаугурацијата заболени со Ковид-19

Помеѓу 100 и 200 членови на Националната гарда кои ја обезбедуваа инаугурацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, се позитивни...

Економија1 ден

РКЕ предлага проширување на листата на граѓани кои ќе добиваат финансиска помош за сметките за струја

Стартува дефинирањето на принципите врз основа на кои ќе се прошири постојната листата на ранливи потрошувачи со цел да се...

Регион1 ден

Црна Гора најави дека во земјата ќе пристигнат три различни вакцини

Граѓаните на Црна Гора ќе имаат можност да бираат помеѓу вакцините на „Фајзер / Бионтек“, кинеската „Синофарм“ и руската вакцина...

Досие