Контакт

Свет

Северна Кореја ја нападна Јужна Кореја, двајца загинати

Објавено пред

Војската на Северна Кореја испука топовска граната кон јужнокорејски остров Јеонпјеонг во спорното погранично подрачје меѓу двете земји, а Јужна Кореја веднаш го возврати ударот, јавија тамошните медиуми. Франс прес ги пренесе информациите што ги објави јужнокорејската телевизија „JТН“ (YTN) во кои се наведува дека има двајца загинати јужнокорејски војници а најмалку 13 се повредени, додека пак „Ројтерс“ пренесе дека десет куќи на јужнокорејскиот остров се во пламен. Според првичните вести, нападот се случил во 02 : 34 минути по локално време. Информациите за повредени ги потврди и јужнокорејското министерство за одбрана за агенцијата „ Јонхап“ (Yonhap)  која објави дека сè уште се работи на утврдување на точните податоци за нападот. /крај/хи/ит



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Грција и Турција започнаа преговори за истражување на гас во Егејско Море

Објавено пред

Турција и Грција денеска во Истанбул започнаа разговори за решавање на спорот околу истражувањето на нафта и гас во источен Медитеран по повеќемесечна дипломатска криза, изјави за агенцијата „Франс прес“ висок турски официјален претставник.

Тој прецизира дека грчката дипломатска делегација ја примил вториот човек на турската дипломатија, Седат Онал.

Преговорите меѓу Турција и Грција беа прекинати во 2016 година поради растечките тензии.

Турските мисии за истражување на гас во грчките води во последните месеци доведоа до дипломатска криза во односите меѓу двете земји од 1996 година, кога тие беа на работ на војна.

Иако Атина изрази оптимизам и надеж, а Анкара ја поздрави позитивната атмосфера, не се очекува голем напредок од овие разговори.

Двете земји не успеаја да се договорат за списокот на теми, што е знак, како што пишува „Франс прес“, дека разговорите може да се претворат во разговор на глуви.

Прикажи повеќе...

Регион

Рација во стриптиз клуб во Бања Лука: Три девојки признале проституција и ја откриле цената на услугите

Објавено пред

Сопственикот на стриптиз клубот „Карибик денс“ Лари Живковиќ, кој беше уапсен во акцијата „Долар“, е пуштен на слобода, како и две девојки, додека четворица Словенци и четири српски државјанки се предадени на полициската канцеларија за странци во БиХ, потврди полициското одделение во Бања Лука, а пренесува „Дневни аваз“.

Полицијата ќе поднесе пријава против Живковиќ до јавното обвинителство во Бања Лука под сомнение дека сторил кривични дела наведување на проституција и непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата, бидејќи клубот работел по 22 часот.

„Против правното лице, односно стриптиз клубот поднесена е пријава од комуналната полиција, а подоцна ќе се одлучи дали клубот ќе биде привремено затворен“, наведуваат од полицијата.

Извор близок до истрагата вели дека три од шест притворени девојки за време на истрагата признале дека се занимавале со проституција, додека другите го негирале тоа, тврдејќи дека тие работеле само како танчерки. Проституција признале српските државјанки Звездана Д. и Нина К. односно Адна М. од Бања Лука, кои поради тоа се казнети, а тие исто така откриле по која цена ги наплаќаат ваквите услуги.

„Тие признаа дека за сексуални услуги наплаќале 400 марки“, изјавил изворoт од истрагата. Патем, сликите на девојките се објавени на фејсбук страницата на стриптиз клубот. Четиристотини босанско-херцеговски конвертибилни марки се околу 200 евра.

Како што дознава „Дневни аваз“, сите четири српски државјанки ќе бидат протерани од БиХ. Во акцијата беа уапсени и словенечките државјани Бернард Ќосиќ, кај кого била пронајдена мала количина на дрога и Ален Дурановиќ, Мирослав Савановиќ и Мирхад Ферхативиќ, кои биле позитивно тестирани на кокаин.

Двајца од четворицата ќе бидат протерани од земјата, додека Ќосиќ ќе биде обвинет за поседување дрога, а Савановиќ поради попречување на работата на полициските службеници.

Управата на хотелот „Четојевиќ“ издаде соопштение во кое се наведува дека хотелот нема никаква врска со акцијата „Долар“, а рацијата е извршена во стриптиз клубот „Карибик денс“, кој го користи изнајмениот простор.

Прикажи повеќе...

Регион

Пијана Србинка истепала маж во автобус во Минхен, зашто и` рекол да стави маска

Објавено пред

Жена со српско потекло ги шутирала патниците во јавниот превоз во Минхен, кои од неа барале да ги почитува мерките за носење маска.

Бидејќи не носела маска, еден маж и пришол на 22-годишната жена барајќи од неа да ја стави, како што е пропишано. Потоа следела вербална расправија која се претворила во тепачка.

Според полицијата, жената го шутнала мажот во стомакот, а за време на тепачката, тој добил неколку гребаници на раката. Покрај тоа, таа му откинала ланецот и му го оштетила мобилниот телефон. Германската полиција, која била предупредена поради тепачка во јавниот превоз, ги раздвоила двајцата патници.

При утврдувањето на причината за ситуацијата, жената ги навредувала чуварите, и неколкупати ги клоцала. Патем, таа била во алкохолизирана состојба, како што подоцна било утврдено, во крвта имала 2,66 промили алкохол.

Полицијата започна истрага за нанесување телесни повреди, навреди, како и нанесување штета. Исто така, поднесена е пријава за непочитување на мерките за корона, за што ќе биде казнета со 250 евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Новиот британски сој на коронавирусот не е детектиран според последните анализи на МАНУ

Министерството за здравство информира дека заклучно со 11 јануари 2021 година не е утврдено присуство на SARS-CoV-2 вирусот од Велика...

Свет49 минути

Во пукање во Индијанаполис петмина мртви, меѓу кои и бремена жена

Пет лица, вклучително и 19-годишна бремена жена, се убиени во пукање во северниот дел на Индијанаполис. Еден малолетник е тешко...

Топ52 минути

Притвор за тренер по џудо од Прилеп кој сексуално злоупотребувал малолетни ученички

Прилепското основно јавно обвинителство поведе постапка против маж на возраст од 46 години, за кој постои сомнение дека сторил продолжено...

Регион2 часа

Брисел денеска расправа за дистрибуција на вакцините за Западен Балкан

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на денешниот состанок ќе разговараат за ажурирањето на стратегијата за дистрибуција...

Европа2 часа

Од денес заострени мерки во Австрија, задолжителна маската ФФП2

Откако дневниот број на новоинфицирани во Австрија остана на постојано високо ниво, но и поради појавата на британскиот вид коронавирус,...

Свет2 часа

Бајден ја укина одлуката на Трамп и си донесе своја – нема влез во САД

Претседателот на САД, Џо Бајден, повторно воведе рестрикции за влез во САД за повеќето луѓе кои не се Американци, а...

Свет2 часа

Документарен филм од 2017 година фрла ново светло на приказната за потеклото на коронавирусот

Институтот за вирусологија во Вухан, познат по своите истражувања на вирусите кај лилјаците, веќе долго време се наведува како можен...

Спорт17 часа

Нова трагедија во Бразил – претседателот и четворица фудбалери на Палмас загинаа во авионска несреќа

Нешто повеќе од четири години од авионската несреќа и фудбалската трагедија на Шапекоенсе, од Бразил повторно доаѓаат вознемирувачки вести. „Си-Ен-Ен...

Спорт18 часа

Пораз од Белорусија за крај на катастрофалното СП за Македонија

Лошите десетина минути во второто полувреме беа доволни Македонија да ја забележи својот петти пораз во шест меча на Светското...

Македонија20 часа

Нови 183 случаи на Ковид-19 во Македонија, починале шестмина

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1466 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Регион20 часа

Детето од Хрватска кое почина од Ковид-19 развило многу редок синдром сличен на Кавасаки

Регионот го потресе веста дека 11-годишно момче починало во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“...

Регион21 час

Гужви за вакцина во Србија – досега вакцинирани 200.000 луѓе

Во Србија од 24 декември масовно се вакцинира населението. Досега се вакцинирани речиси 200.000 луѓе, пренесуваат српските медиуми. Српскиот претседател...

Топ21 час

(Видео) Пронајдено оружје во Блаце кое потекнува од 2001 година

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје пронашле оружје...

Регион22 часа

Во Загреб почина 11-годишно дете од коронавирус

11-годишно момче почина во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести Д-р Фран Михаљевиќ во Загреб како резултат на...

Регион23 часа

Вучиќ: Британскиот вид на коронавирус стигна во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во телевизија Прва изјави дека британскиот вид коронавирус пристигнал во Србија и дека го донела...

Свет24 часа

(Видео) Извлечени 11 рудари по 14 дена поминати под земја

Спасувачите во Кина успеаја да извлечат 11 рудари живи на површината. Тие две недели беа заробени 600 метри под земјата...

Регион1 ден

Куче го чекало сопственикот цела недела пред болница

Верно куче речиси една недела чекало пред болница во Турција, додека не излегол неговиот сопственик, каде се лекувал. Женката по...

Свет1 ден

Британски експерт: Вакцинираните луѓе пак можат да го шират вирусот

Луѓето кои примиле вакцина против Ковид-19 сепак може да го пренесат вирусот на други и треба да продолжат да ги...

Регион1 ден

Турција потпиша договор со Русија за производство на вакцината Спутник V

Рускиот фонд задолжен за производство на вакцината Спутник V (РДИФ) објави дека компанијата потпишала договор за производство на руската вакцина...

Свет1 ден

(Видео) Истрага за насилните протести во Русија, поддршка од Германија

Истражителите отворија кривична постапка по извршени незаконски активности на недозволениот собир во центарот на Москва. Покренати се постапки и поради...

Досие