Свет
Камбоџа: Бројката на загинати во стампедото се искачи на 375
Во стампедото на еден од мостовите во главниот камбоџански град Пном Пен, што се случи во понеделникот, загинаа најмалку 375 луѓе, а над 300 лица се повредени.Во стампедото на мостот во главниот град на Камбоџа загинаа најмалку 375 луѓе, кога илјадници лица во паника трчаа низ улиците на последниот ден од фестивалот по повод одбележувањето на крајот на дождовната сезона.Стампедото почна во понеделникот доцна попладнето на малиот мост осветлен со илјадници светилки кој го поврзува градот Пном Пен со Дијамантскиот остров каде што се собрала огромна маса од луѓе, претежно млади, кои имале желба да го проследат концерт со кој требаше да биде затворен традиционалниот фестивал на вода на крајот од дождовната сезона. Преживеаните за локалните медиуми изјавија дека паниката започнала кога неколку лица доживеале струен удар. Според полицијата, многу од жртвите настрадале скокајќи во паниката од мостот. Најмногу жртви починале како последица од задушување и од повреди здобиени откако масата минала преку нив, а некои од преживеаните изјавиле дека тие бие заглавени во толпата на живите и мртвите со часови. „Луѓето врескаа дека некој е погоден од струен удар. Паднав и луѓето тргнаа преку мене за да избегаат. Кога се освестив веќе бев во болницата“, изјавил 18-годишниот Тах Лох за Ројтерс. /крај/ројтерс/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

