Свет
WikiLeaks: Саудиска Арабија е банкомат за терористите
Во доверлива белешка на американската државна секретарка Хилари Клинтон за амбасадите на САД во земјите од Персискиот залив, Саудиска Арабија и другите држави во регионот се опишани како „банкомати за терористите“
Ова се содржи во најновите материјали што ги поседува фамозната интернет страница WikiLeaks, која почна со објавувањето на 250 илјади тајни документи на американските дипломати и Стејт департментот во кои и ма оценки за многу држави во светот и навредливи и непријатни карактеристики за светските лидери.Така, како што пренесува во понеделникот британски Guardian, американската државна секретарка Хилари Клинтон во белешката од декември 2009 г. укажува на неуспехот на земјите од Персискиот залив да ги блокираат финансирањата на терористичките групи како што е Ал Каеда, ота на талибанското движење, на пакистанската екстремна организација Лашкар-е-Таиба итн.Саудиска Арабија е најгоелмиот светкис извор за финансирање на милитантните групи, но саудиската влада е бескорисна во запирањето н протокот на овие пари, навела Клинтон.„Мора да се стори повеќе, имајќи предвид дека Саудиска Арабија останува клучна база за финансирањето на Ал Каеда, талибаните, Лашкар-е-Таиба и другите терористички групи“, рекла државната секретарка на САД, како што депешата Guardian. Притоа Клинтон апелира до американските дипломати да ги удвојат нивните напори за да го спречат протокот на тие пари од земјите од Персискиот залив до екстремистите во Пакистан и во Авганистан. „Донаторите во Саудиска Арабија претставуваат најзначаен извор на финансирање за сунитските терористички групи низ целиот свет“, стои меѓу другото во белешката на Хилари Клинтон.Покрај Саудиска Арабија, американската државна секретарка одбележала уште три арапски држави како извори за финансирање на радикалните милитантни групи,а тоа се Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати. Како што наведува британскиот весник, овие доверливи документи откриваат дека насилството во Авганистан и Пакистан делумно е поттикнато и од богатите конзервативни донатори од државите во Персискиот залив, а дека нивните влади прават многу малку да ги спречат во тоа. Проблемот бил особено изразен во Саудиска Арабија во која милитантите доаѓаат заедно со милионите аџии и основаат лажни компании а да соберат пари, се наведува во белешките што ги објавува WikiLeaks.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Не треба повеќе да имаме избори; Белата куќа: Се шегува
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп не бил сериозен кога пред неколку дена изјавил дека можеби воопшто не треба да има избори за Конгресот. Портпаролката на Трамп, Каролин Ливит, изјави дека претседателот всушност сакал да биде хумористичен со изјавата, а не да го доведе во прашање одржувањето на изборите.
„Претседателот се шегуваше“, рече Ливит, одговарајќи на прашања од новинарите. Таа додаде дека Трамп зборувал во контекст на пофалба на работата на неговата администрација, сугерирајќи дека тие „работат толку добра работа“ што, во таа смисла, треба само да продолжат.
Изјавата на Трамп доаѓа од получасовно интервју што го даде за „Ројтерс“ во Овалната соба на Белата куќа завчера. Зборувајќи за среднорочните избори, Трамп изрази фрустрација од историскиот модел во кој партијата на власт често губи места во Конгресот.
„Кога ќе победите на претседателските избори, не ги добивате среднорочните избори“, рече Трамп, а потоа додаде дека неговата администрација направила толку многу што, рече тој, „кога ќе размислите за тоа, воопшто не треба да имаме избори“.
Изјавата предизвика загриженост и критики бидејќи уставот на САД предвидува одржување избори за Конгресот на секои две години, без можност за претседателска одлука за нивно откажување.
фото/Depositphotos
Свет
Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“
Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја исмеа иницијативата, додека тензиите меѓу Европа и САД растат поради намерата на американскиот претседател Доналд Трамп да го окупира арктичкиот остров.
„Гренланд. Се прашувам зошто. Патување?“, рече тој денес во Рим. „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“, рече Кросето за европската мисија.
Оваа недела, некои европски земји испратија мал број воени лица во Гренланд, покажувајќи солидарност со Данска, што италијанскиот министер за одбрана рече дека не го разбира.
Трамп сака да го преземе Гренланд затоа што вели дека го смета за клучен за безбедноста на САД поради неговата стратешка локација и големите минерални резерви.
Тој не ја исклучи ниту употребата на сила за негово заземање.
фото/Depositphotos
Свет
Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД да ја преземат контролата врз Гренланд.
„Можам да ставам царини на земјите ако не се согласат за Гренланд, бидејќи ни е потребен Гренланд за национална безбедност“, рече Трамп на тркалезната маса во Белата куќа за руралното здравје.
Трамп постојано изјавува дека САД апсолутно мора да го преземат Гренланд, со што дополнително ќе го зголемат притисокот врз Данска, на која формално ѝ припаѓа островот.
Неговата изјава доаѓа по состанокот во Белата куќа во средата, на кој присуствуваа данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотцфелд, заедно со американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс.
Истиот ден, Врховниот суд на САД објави дека очекува во вторник да донесе долгоочекувана одлука за легалноста на царините на Трамп. Прашањето е дали претседателот може сам да воведе царини или за тоа е потребно одобрение од Конгресот.
Трамп зборуваше на состанок кој формално беше посветен на инвестиции во руралните средини, но за време на говорот, како што е неговиот обичај, тој се осврна и на други политички теми.
фото/Depositphotos

