Свет
Јапонец со нож касапел 13 лица

Јапонец во петокот со нож повредил 13 лица на железничката станица во градот Ториде во префектурата Ибараки, североисточно од Токио, пренесува Синхуа повикувајќи се на локалните медиуми
Напаѓачот пред железничката станица прободел четири лица а потоа својот крвав поход го продолжил во два автобуса со ученици оставајќи зад себе 13 лица претежно со помали повреди.Според јапонската телевизија NHK, 11 од жртвите се средношколци и ученици од локлано основно уќилиште, додека две се жени на средна возраст.Полицијата, пак, соопштила дека напаѓачот бил во еден од училишните автобуси кои чекале пред железниката станица и одеднаш почнал да ги касапи учениците околу него кога се огласил сигналот за заминување. Потоа тој се симнал од автобусот и почнал да ги сече луѓето околу него пред да се качи во вториот автобус.Полицијата набрзо го совладала и го уапсила 27-годишниот маж идентификувани како Јута Саито кој бил невработен, а се уште се истражуваат мотивите за неговиот налудничав напад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шолц повика на континуирана поддршка за Украина

Германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц денеска повика на континуирана, постојана поддршка за Украина.
„Сè додека не се заклучи мирот, Европа и САД мора да продолжат да ја поддржуваат Украина“, рече Шолц на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Антонио Коста во Берлин, според Тагесшау.
Според него, прекинот на огнот дава можност да се истражат начини за постигнување на подолгорочен мир, кој, како што рече, би можел да вклучи дополнителни чекори како размена на затвореници или враќање на киднапираните Украинци.
Свет
Трамп: Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов, Украинците се повлекуваат од Курск

Доналд Трамп, кој е домаќин на ирскиот премиер во Белата куќа, ја искористи можноста да коментира за клучните меѓународни прашања пред светските медиуми.
Тој рече дека САД добиле „некои позитивни пораки“ по вчерашните разговори за прекин на огнот со Украина во Саудиска Арабија.
„Се надевам дека ќе постигнеме прекин на огнот“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека „сега зависи од Русија“.
„Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов“, рече тој и додаде дека Украинците се повлекуваат од Курск.
Свет
Зеленски: Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски.
„Нема да признаеме ниту една територија окупирана од Русија. Тоа е факт. Нашиот народ се бореше за ова, нашите херои ги дадоа своите животи… Значи, никој нема да го заборави ова. Кога велам дека никој нема да заборави, тоа се нашите главни црвени линии“, рече Зеленски на прес-конференција.
Тој истакна дека државата нема да дозволи никој да го заборави ова злосторство против Украина. Украинскиот лидер нагласи дека доколку Русија ги отфрли предлозите изнесени за време на средбата на украинската и американската делегација во Џеда, Киев смета на силни американски чекори за притисок врз Русија.
„Колку што разбрав, можеме да сметаме на силни чекори од САД кон руската страна. Се уште не ги знам деталите, но зборуваме за санкции и зајакнување на Украина“, рече Зеленски.