Свет
„Бенк оф Америка“ откажа да го опслужува Викиликс
Една од најголемите американски комерцијални банки „Бенк од Америка“ откажа да трансферира плаќања на сметка на интернет страницата Викиликс, објави Ројтерс во саботата цитирајќи соопштение на банката.Претходно во декември примањето донации за интернет страницата го ускратија и Мастеркард, Виза и ПејПал, објаснувајќи ја својата одлука да не му пружаат свои услуги на Wikileaks со одредени дејствија на страницата кои се сметаат за нелегални активности. Покрај тоа, швајцарските власти ја затворија банкарската сметка на уапсениот во Лондон а подоцна ослободен со кауција основач на фамозната интернет страница Џулиан Асанж.„ „Бенк оф Америка“ се приклучува на дејството коешто претходно го преземаа Мастеркард, ПејПал, Виза Европа и други компании, и нема да врши какви и да се активности, коишто според наше мислење, на еден или друг начин се поврзани со Викиликс“, се вели во соопштението на банката објавено во петокот вечер.„Оваа одлука е донесена врз основа на нашето верување кое не е без причина, дека Викиликс е поврзана со активности кои, меѓу другото, се спротивни на нашите внатрешни правила за извршување на трансакциите“, го цитира агенцијата образложението на банката.По објавувањето на соопштението на банката, поддржувачите на интернет ресурсот кој го предизвика вниманието на целиот свет со објавувањето на 250-те илјади страници тајни дипломатски депеши на американската дипломатија за состојби и лидери од речиси сите држави, преку социјалната мрежа Твитер ги повикуваат истомислениците да протестираат затворајќи ги своите сметки во „Бенк од Америка“.„Можете ли да работите со „Бенк оф Америка“? Нашиот совет е – чувајте ги вашите пари на побезбедно место“, се вели во една од пораките на Твитер.Претходно, претставниците на Викиликс објавија дека на почетокот од следната година на интернет страницата ќе објават документи кои сведочат за „несовесни дејствија“ на една од најголемите американски банки – „Бенк од Америка“./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

