Свет
Јужна Кореја веројатно ќе ги префрли маневрите во Жолто Море
Јужнокорејската армија веројатно поради временските услови, неколкуте следни денови маневрите за артилеријата ќе ги спроведува во акваториумот на Жолтото Море во близина на спорната граница со Северна Кореја, пренесе новинската агенција Јонхап, цитирајќи извор во воената команда. Претходно Јужна Кореја соопшти дека во еден од наредните денови од 18 до 21-ви декември е планирано со учество на американски војски вежба на боево гаѓање од артилериски оружја во областа на островот Јонпхендо, кој беше гаѓан од морнарицата на Северна Кореја на 23-ти ноември, кога се одвиваше слична воена вежба на јужнокорејската воена морнарица. Во овој напад имаше жртви, вклучувајќи и меѓу цивилното население од островот.„Со оглед на фактот дека од денеска (18-ти декември), се очекува влошување на временските услови во областа на островот Јонпхендо, решивме дека на војниците ќе биде сложено да ја спроведат обуката за гаѓање“, го цитира агенцијата својот воен анонимен извор, кој истакнал дека главната причина за преместување на маневрите е само времето.„Временските услови се најважниот фактор за определувањето на времетраењето на маневрите. На почетокот од следната седмица најверојатно ќе владее добро време за спроведување на вежбите“, додал изворот.Во петокот Северна Кореја предупреди дека како одговор, планираниот јужнокорејски артилериски оган, може да предизвика уште посилен удар против јужниот сосед отколку што беше во ноември. Руското министерство за надворешни работи подоцна по оваа изјава изрази загриженост за ставовите на Северна Кореја, и го повика раководството на Јужна Кореја да се воздржи од планираните маневри./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

