Свет
Северна Кореја: не вредеше да возвраќаме
Северна Кореја денеска соопшти дека „не вредело да се реагира“ на артилериската вежба на јужнокорејската армија во околината на спорниот остров на самата линија на поморското разграничување помеѓу двете Кореи, пренесува Синхуа„Револуционерните вооружени сили не почувствуваа потреба да возвраќаат на секоја воена провокација која заслужува презир. Нивните провокации се дел од нивното итро сценарио намерно да предизвикаат воен одговор од армијата на Демократска народна република Кореја (ДНРК), за да ја ескалираат ситуацијата на Корејскиот полуостров до работ на војна и со тоа да ја спасат американската политика во Азија од банкрот“, се вели во официјалното соопштение од Пјонгјанг., во кое се додава и дека вежбата на јужнокорејската армија имала за цел „со детски игри“ да го спаси образот на актуелната владеачка структура во Сеул. Претходно и покрај жестоките закани од Северот, изутринава Јужна Кореја изведе артилериска вежба со боева муниција на островот Јеонпјеонг, врз кој минатиот месец стрелаше севернокорејската артилерија, како договор на иста вежба како и денешната. Тогаш на островот загинаа четворица Јужнокорејци, двајца војници и двајца цивили.Јеонпјеонг е дел од архипелагот кој е под контрола на Јужна Кореја, а за кој Северот тврди дека се негови. Пјонгјанг никогаш официјално не ја призна спорната поморска граница, исцртана од силите на ОН предводени од САД на крајот на Корејската војна во 1953 година. Двете страни имаа неколку фатални воени судири во близина на оваа граница. /крај/синхуа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

