Свет
Градоначалникот на Талин обвинет дека барал пари од Русија за неговата партија
Владината комисија за безбедност на Естонија денеска го обвини градоначалникот на престолнината Талин, Едгар Сависаар затоа што побарал од Русија да ја финансира неговата опозициска партија, јавува Риа НовостиВладата соопшти дека обвинението е базирано врз информации добиени од естонската Служба за безбедност (КаПо), кој, наводно, го спречила Сависаар да ги земе парите.Сависаар, кој ја предводи Партијата на центарот, се обидел да земе 1,5 милиони долари од Москва за да „го зголеми влијанието на Русија во Естонија“. Ова е точно истата сума која беше потрошена на изградбата на руска православна црква во најнаселениот дел на престолнината на Естонија, населбата Ласнамае. Градоначалникот на Талин ги демантираше обвиненијата, велејќи дека тие се обид да се дискредитира неговата партија на центарот пред парламентарните избори закажан за март 2011 година. Партијата на Сависаар е втора по големина во естонскиот парламент и ја ужива поддршката на руското малцинство во земјата. Во декември 2004 година, неговата партија потпиша договор за соработка со руската владејачка партија „Обединета Русија“. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

