Свет
Нов силен дожд го погоди ЛА

Силен дожд со рекордни количини на врнежи ја погоди Јужна Калифорнија, предизвикувајќи страв од појава на нови свлечишта. Претходните шест дена во Лос Анџелес наврнал дожд чија количина соодветствува на шест месечни врнежи. Улиците се поплавени а жителите во некои делови од ЛА се евакуирани, властите се во состојба на готовност поради опасноста од појава на нови свлечишта. Се стравува дека силните дождови кои покрај Калифорнија ги зафатија и сојузните држави Аризона, Невада и Јута, до крајот на неделата би можеле да стигнат до Ново Мексико и Мексиканскиот залив. Гувернерот на калифорнија, Арнолд Шварценегер прогласи вонредна состојба во десеттина помалку познати места уште пред невремето да го погоди ЛА. крај/блиц/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Спремен сум за средба со Путин, но не во Москва

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, повтори дека Украина е подготвена за билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин, но дека таа не може да се одржи во Москва.
„Веднаш одговорив на билатералната средба. Подготвени сме. Но, што ако Русите не се подготвени? Европејците го покренаа ова прашање. Ако Русите не се подготвени, тогаш би сакале да видиме силна реакција од Соединетите Држави на ова“, рече Зеленски на прес-конференција, објави УНИАН.
Тој додаде дека подготовките за средбата од руска страна ќе ги координираат американските претставници, вклучувајќи го државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и потпретседателот Џ.Д. Венс.
Украина очекува дефинирање на безбедносните гаранции во рок од седум до десет дена, а по успешната билатерална средба, планирана е трилатерална средба со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Трамп потврди дека во тек се подготовки за средбата меѓу Зеленски и Путин и нагласи дека директниот дијалог меѓу лидерите е клучен чекор.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија не ги исклучува билатералните или трилатералните преговори, но дека тие мора да бидат внимателно подготвени.
Регион
(Видео) Автобус со српски туристи каменуван во Грција, има повредени

Автобус со 38 српски туристи бил каменуван синоќа на автопатот Егнација, во Солун.
Според полицискиот извештај, инцидентот го предизвикале четири лица, најверојатно малолетници, пишува Прототема.
Θεσσαλονίκη: Επίθεση με πέτρες σε τουριστικό λεωφορείο – 3 τραυματίες
Άγνωστοι, πέταξαν πέτρες σε τουριστικό λεωφορείο με αποτέλεσμα να σπάσουν τα τζάμια και να τραυματιστεί ο οδηγός, και δύο επιβάτες – Το συμβάν σημειώθηκε στα διόδια Ωραιοκάστρου στη Θεσσαλονίκη.#ingr #innews pic.twitter.com/M3l3Ft1yv8
— in.gr/news (@in_gr) August 21, 2025
Во нападот врз автобусот, во кој се превезувале српски туристи кои се враќале од одмор, неколку прозорци биле скршени со камења.
Двајца патници и еден од возачите се здобија со полесни повреди, објавува Катимерини.
Полицијата приведе две лица во врска со инцидентот, но не биле утврдени докази против нив и лицата биле ослободени.
Свет
(Видео) Лишај Миран Лави: Хамас го држи мојот сопруг 682 дена, Нетанјаху мора да ја заврши оваа војна

Мојот сопруг, Омри, таткото на нашите две прекрасни млади ќерки, беше киднапиран од нашиот дом во Нахал Оз на 7 октомври 2023 година, заедно со уште 250 други луѓе. Оттогаш, се борам секој ден за договор што ќе ја заврши војната и ќе ги врати дома Омри и преостанатите 49 заложници кои сè уште се во Газа, пишува Лишај Миран Лави за The Telegraph, еден од 400.000 израелски граѓани кои излегоа на улиците во неделата барајќи мир и враќање на заложниците од заробеништвото на Хамас.
Низ цел Израел, бизнисите и продавниците беа затворени во недела, а јавноста учествуваше во стотици настани низ целата земја во знак на солидарност со семејствата на заложниците и барајќи крај на војната во Газа. Овој протест е многу јасна порака до израелските политичари, до американската администрација, до светот: ова е она што го сакаме и нема да престанеме.
„Не знам дали ќе помогне, но знам дека морам да се обидам со сè што можам за Омри повторно да го чуе зборот „тато“. Повеќе од 400.000 луѓе излегоа во недела, но немаме намера да ја завршиме нашата борба тука – таа не запира сега, само се интензивира. Нема да запреме додека сите заложници не се дома, додека мојот Омри не е дома и додека војната не заврши.
Минатата недела, кога семејствата на заложниците и ожалостените семејства заеднички го објавија овој штрајк, не можев ни да замислам дека ова ќе се случи. Денес, како и секој ден во изминатите 682 дена, сите бараме едно нешто: договор. Договор кој ќе ја заврши војната и ќе ги врати сите 50 заложници. Преживеаните мора да се вратат на рехабилитација, а починатите мора да имаат достоинствен погреб.
Сè уште не можам да верувам дека по 22 месеци сè уште мора да го користиме зборот „борба“. Срце, тело, целата земја – едвај можеме да го издржиме тоа повеќе. Секоја акција денес е спас – за заложниците, за семејствата, за нашиот народ – и за договор што ќе ја заврши оваа војна и ќе ги врати сите 50 заложници дома.
Доналд Трамп, израелската јавност сака тие да се вратат дома. Светот сака тие да се вратат дома. Ве молам, направете го тоа да се случи. Склучете договор. А за вас, и за мојот сакан Омри, целата земја излезе во неделата. Се надевам дека видовте нешто и почувствувавте сила. Ви ветувам дека повторно ќе го чуеш зборот „тато“. Ќе ја добиеш прегратката на нашите прекрасни ќерки Рони и Алма што ќе излечи сè“, рече Миран Лави.