Свет
Јужна Кореја најави 23 воени вежби во наредните денови

Јужна Кореја во наредните денови ќе изведе поморски воени вежби на дваесет различни места, од кое ниту едно не е блиску до поморската граница со Северна Кореја, изјави денеска јужнокорејската војска.
Вежбите ќе се одржат од 27 до 31 декември на 23 различни позиции во близина на брегот на Корејскиот Полуостров, додал изворот. Ниту една од вежбите нема да се одржи во близина на поморската граница со Северна Кореја во Јужното море.
„Ова е дел од нашите редовните вежби, во кои се вклучуваат копнените, воздушните и поморските единици“ изјави портпаролот на армијата и додал дека државната Агенција за развој на одбраната ќе ги води тестирања на Западниот брег.
Во областа во близина на границата со Северна Кореја се одвиваа поморските судири меѓу двете Кореи во 1999, 2002 и во ноември 2009 година.
Во март 2010 година при потопувањето на јужнокорејската корвета загинаа 46 морнари, за што меѓународната истрага утврди одговорност на Пјонгјанг кој тоа го негираше.
При крајот на ноември 2010 година Пјонгјанг го бомбардираше јужнокорејскиот остров Јеонпјеонг кога загинаа четири лица./крај/хи/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа за заканата од трговска војна со Кина. „Веќе сме во трговска војна“, рече Трамп.
Trump says we are in a trade war with China right now! pic.twitter.com/JdEfPOge48
— Ali (@MerruX) October 15, 2025
Трамп во петокот објави воведување дополнителни царини од 100% за увоз од Кина, обвинувајќи го Пекинг дека зазема „исклучително агресивен став“ во трговските односи. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп рече дека Кина испратила „исклучително непријателско писмо до светот“ и вовела „големи извозни контроли на речиси секој производ што го произведуваат“.
Трамп предупреди дека новите царини ќе стапат на сила на 1 ноември и најави дека САД ќе воведат и извозни контроли на нивниот клучен софтвер за Кина.
„Врз основа на фактот дека Кина зазеде оваа невидена позиција и зборувајќи само во име на САД, а не за други земји кои се слично изложени на ризик, почнувајќи од 1 ноември 2025 година (или порано, во зависност од понатамошните дејствија или промени преземени од Кина), Соединетите Американски Држави ќе воведат 100% царина за Кина, покрај сите царини што ги плаќа во моментов“, напиша Трамп.
„Невозможно е да се верува дека Кина би презела таква акција, но тие го направија тоа, а останатото е историја“, додаде тој.
Претходно, Трамп се огласи на социјалните медиуми за да го нападне кинескиот лидер Кси Џинпинг поради зголемените напори на Кина да воведе контрола на извозот на клучните ретки минерали. Тој се закани со економски контрамерки и рече дека повеќе не гледа причина да се сретне со Кси за време на планираната посета на регионот подоцна овој месец.
Во тоа време, Трамп, исто така, се закани со економски санкции против Кина: „Во зависност од тоа што Кина ќе каже за непријателската „одлука“ што штотуку ја донесоа, ќе бидам принуден, како претседател на Соединетите Американски Држави, финансиски да возвратам на нивниот потег“.
„За секој елемент што успеаја да го монополизираат, имаме два“, додаде тој.
Европа
Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на Русија во Украина, објави „Киев Индепендент“. Од тој број, за 96 се знае дека загинале или исчезнале во акција.
Бројките доаѓаат кратко откако САД објавија декласифициран меморандум за кубанската поддршка за руската инвазија, во кој се наведува дека „се проценува дека од 1.000 до 5.000 Кубанци се борат во Украина“. Информациите на украинската служба се совпаѓаат со долната граница на американската проценка, но исто така нудат подетален поглед на процесот на регрутирање.
ХУР тврди дека кубанските борци минуваат само две недели обука во центарот „Авангард“ во Московскиот регион пред да бидат испратени на фронтот. „Во „Авангард им се даваат воени униформи и се подложуваат на физичка обука, тактичка медицина и обука за беспилотни летала“, соопшти ХУР. „Огромното мнозинство од нив ги извршуваат функциите на стрелци и напаѓачки трупи како дел од пешадија, моторизирана пешадија или напаѓачки чети“.
На 11 октомври, како одговор на американско меморандум, кубанското Министерство за надворешни работи негираше каква било вмешаност во војната, обвинувајќи ги САД за изнесување „лажни обвинувања“.
„Неспорно е дека никој од нив нема поттик, обврска или согласност од кубанската држава за своите постапки“, се вели во соопштението на Министерството, кое негираше дека земјата испратила војници во војна.
Информациите споделени од ХУР сугерираат дека некои кубански граѓани биле измамени. Тие се намамени со ветувања за профитабилни работни места во градежништвото преку реклами на социјалните мрежи да патуваат во Русија. Нивното патување го организираат „приватни посредници“, а руските дипломатски институции им издаваат туристички или работни визи.
„По пристигнувањето во Руската Федерација, на регрутите им се нудат договори за воена служба напишани на руски јазик без превод, наместо договори за вработување“, соопшти ХУР.
Од почетокот на инвазијата во 2022 година, Москва регрутира странски борци од земји како Непал, Сомалија, Индија и Куба. Според HUR, Кубанците се петтата најголема странска националност што се бори за Русија, по Узбекистан, Таџикистан, Казахстан и Белорусија.
фото: принтскрин
Свет
Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не можат да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов не може да ги лоцира преостанатите тела. Израелската војска претходно соопшти дека четири ковчези се предадени на персоналот на МКЦК и дека наскоро ќе им бидат предадени на израелските сили.
Според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и исламистичката група, Хамас е должен да предаде вкупно 28 тела. Групата ги ослободи своите последни 20 живи заложници во понеделник. Сепак, предавањето на преостанатите тела сега се чини тешко, што предизвикува стравувања за стабилноста на кревкото примирје.
Израелската војска во среда соопшти дека експертите за судска медицина откриле дека едно од 10-те тела што Хамас ги предал досега не се совпаѓа со ниту еден од исчезнатите починати заложници.
Во соопштение објавено истовремено со последното предавање во среда, Хамас соопшти дека ги предал сите тела на заложници до кои во моментов можел да пристапи и затоа ги исполнил своите обврски според договорот за прекин на огнот.
„За преостанатите тела на затворениците е потребен значителен напор и специјализирана опрема за нивно пребарување и враќање, а ние вложуваме големи напори за да го затвориме ова досие“, се вели во соопштението.
Се верува дека многу од останките на заложниците се закопани под урнатините на бомбардираните згради или во тунелските окна по две години конфликт во Појасот Газа. Израел продолжува да инсистира на враќање на сите мртви заложници.
фото: принтскрин