Свет
Замрзнатиот дожд блокираше дел од Москва
Смрзнатиот дожд сериозно го наруши нормалното функционирање на руската престолнина, во која 100 илјади луѓе се без електрична енергија, проблем има и во тролејбускиот и возниот сообраќај, а привремено е затворен и аеродромот ДомодедовоСпоред изјавата на началникот на Државниот санитарен инспекторат, Генадиј Оништенко, речиси секој трет пациент има повреди добиени од лизгањето предизвикано од мразот на московските улици.Во саботата замрзнатите капки дожд го замрзнаа поголемиот дел од Москва, па локалните власти на граѓаните им советуваат без потреба да не излегуваат од домовите. Смрзнатиот дожд се јавил како резултат на позитивните температури во атмосферата, на височина од околу шест километри каде се формираат дождовните капки кои подоцна замрзнуваат кога ќе навлезат во воздушната маса со ниска температура на помала височина од почвата која во моментот во главниот град на Русија изнесува 4 степени под нулата. Како резултат на тоа, на почвата и на жиците се формирала кора од мраз што го попречува нормалното функционирање на градот. Без електрична енергија во регионот на Москва се околу 100 илјади луѓе. Проблеми со електричната енергија имале уште стотина села во 16 окрузи на Московскиот регион.Од мразот последици се чувствуваат и во транспортот. Аеродромот Домодедово е привремено затворен за полетување и слетување, а исто така во неколку региони на Москва е запрен и тролејбускиот сообраќај. Исто така, проблемот со лизгавиот коловоз и немањето струја што ја оневозможува функцијата на семафорите предизвикал и блокада на автобускиот сообраќај. Црниот биланс во Москва последните 24 часа од сообраќајни несреќи изнесува вкупно 1953 судири и незгоди од кои во 29 има жртви и повредени. Во сообраќајните несреќи загинале три лица, а 33 се повредени, соопшти државната сообраќајна инспекција на Русија. Притоа се нагласува дека вообичаено во овој период од годината за викендот на подрачјето на Москва се случуваат околу две илјади сообраќајни несреќи и незгоди./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар во болница во Милано, пациентите евакуирани
Утрово околу 10 часот, избувна пожар во павилјонот 16 од болницата Сако во Милано.
За неколку минути, пламенот зафати дел од дијагностичката архива и се прошири на областите каде што медицинскиот персонал во тој момент прегледуваше десетици пациенти, пишува Ил Месаџеро.
Благодарение на заедничката интервенција на пожарникарите и болничкиот персонал, никој не е повреден.
Сите пациенти се евакуирани, а триесет пожарникари кои излегоа на терен вршат санација на подрачјето.
Свет
Европски војници пристигнаа на Гренланд
Европски војници од неколку земји пристигнаа на Гренланд за заеднички воени вежби, во време кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази интерес островот да биде под контрола на САД. Во главниот град Нуук слета француски контингент, а се приклучуваат и сили од Германија, Шведска, Норвешка, Холандија и Обединетото Кралство, јавува Би-Би-Си.
Распоредувањето следи по состанок во Вашингтон меѓу министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс. Данскиот министер Ларс Локе Расмусен оцени дека разговорите биле конструктивни, но дека останало „темелно несогласување“.
Трамп изјави дека на САД му треба Гренланд за националната безбедност и не ја исклучи употребата на сила. Францускиот претседател Емануел Макрон најави проширување на мисијата, додека полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека евентуална американска интервенција би била „политичка катастрофа“.
Русија изрази загриженост поради засилувањето на присуството на НАТО на Арктикот. Од кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер соопштија дека распоредувањето има цел да ја одврати руската и кинеската активност.
Германија испрати транспортен авион со 13 војници во рамки на данските вежби „Операција Арктичка издржливост“. Данска најави ротациона и потрајна сојузничка присутност. Премиерката Мете Фредериксен рече дека одбраната на Гренланд е заедничка грижа на Алијансата.
Премиерот на Гренланд Јенс-Фредерик Нилсен порача дека Гренланд не сака да биде дел од САД и, ако мора да избира, би ја избрал Данска.
Свет
Макрон: Франција ќе испрати воен брод на Гренланд
Франција наскоро ќе испрати воен брод, авиони и дополнителни војници на Гренланд, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Тој предупреди на појавата на „нов колонијализам“ и на изјави што, како што рече, „сеат сомнеж, дури и меѓу сојузниците“.
Макрон ова го соопшти во новогодишното обраќање до француските вооружени сили, наведувајќи дека дел од француските војници веќе се распоредени на Гренланд, на барање на Данска, каде им се приклучиле сили од Норвешка, Шведска и Германија.
„Нашите сили во наредните денови ќе бидат дополнително зајакнати копнено, поморски и воздушно“, рече Макрон, без да наведе детали.
Според достапните информации, најмалку еден француски воен брод и неколку авиони веќе се на пат кон северниот Атлантик.

