Свет
Странските сили стојат зад експлозијата во Александрија
Странските сили се вмешани во експлозијата во црквата во Александрија, изјави претставник на Комисијата за информации на Народното собрание (парламентот) на Египет, Набил Лука Бибави.
„Странски сили се обидуваат да ја поткопа стабилноста во Египет“, изјави Бибави за египетскиот телевизиски канал „Наил њуз“.Во силната експлозија во новогодишната ноќ пред една црква во вториот по големина град на Египет – Александрија загинаа 21 човек, а 79 се повредени, соопшти Министерството за здравство на Египет.Експлозијата се случи 30 минути по полноќ по локално време, кога дел од православните христијански верници се заминувале од црквата по служењето на традиционалната новогодишна служба и се упатил екон своите автомобили на паркингот. Во воздухот одлета паркиран автомобил покрај црквата, кој имал регистерски таблички на на Александрија, кој возачот и совозачот го паркирале само неколку минути пред трагедијата.Египетски политичари и религиозни лидери го повикаа населението да остане смирено, нагласувајќи дека според сите сознанија и индиции овој терористички напад има „странска“ трага.Претходно меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда испрати закани против египетски христијани – коптите, кога пред два месеца беше нападната христијанска црква во ирачкиот главен град Багдад, побара ослободување на две муслимански жени, кои наводно насилно се затворени во египетски манастири. Станува збор за две жени на православни свештеници кои наводно преминале во ислам и сакале да избегаат од сопрузите, Меѓутоа, според други докази се испоставило дека жените биле принудени насилно да го прифатат исламот.По овие закани, египетските власти ја засилија безбедноста цркви во Каиро и во други градови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на Телеграм соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети најверојатно биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, била и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на Телеграм, се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата Телеграм.
Ројтерс сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Свет
Силен земјотрес го погоди Тајван
Тајван беше погоден од земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер во 9:45 часот.
ЕМСЦ наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и 38 километри оддалечен од Хуалиен, кој има 350.000 жители.
Засега нема информации за значителна материјална штета или жртви.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.