Свет
Сомалиски пирати киднапираа алжирски брод со Украинци
Сомалиските пирати вчера го зазеле алжирскиот брод „Блида“ кој пловел на 280 километри југоисточно од пристаништето Салах во Оман, заробувајќи 27 членови на екипажот, меѓу кои најмногу се државјани на Украина
Грабнувањето на бродот во неделата го потврди интернет страницата на командата на воено- поморската операција на Европската Унија за брегот на Сомалија „Аталанта“ (EUNAVFOR Somalia – Operation Atalanta).Пиратите го нападнале брод во водите на Арабиското Море, во саботата попладне откако тој впловил од правецот на Оманската порта и земал курс кон танзанискиот град Дар-ес-Салам.Меѓу членовите на екипажот се државјани на Украина, Алжир и на Филипините.Според EUNAVFOR, во моментов вкупно пиратите држат во заложништво 28 бродови со 654 луѓе.Претходно во граничните води на Индискиот Океан во близина на Коморките острови пирати го киднапираа рибарскиот брод „Вега 5“ со 14 членови на екипажот, кој пловел под знамето на Мозамбик.Сомалиските пирати се’ уште се главна закана за светскиот поморски транспорт. Сомалиските власти не можат да се справат со проблемот на современото гусарство, бидејќи таа не функционира како унитарна држава уште од 1991 г. по падот на диктаторскиот режим на Саид Баре, кој владееше со земјата од крајот на 1960-те.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Тешка несреќа во Словенија: Експлодираше цистерна, автопатот е затворен
Поради сериозна сообраќајна несреќа, Штаерскиот автопат во Словенија е затворен за сообраќај во двата правци во делот помеѓу Словенске Коњице и Словенска Бистрица Југ.
Според неофицијални информации, во несреќата во која учествувале повеќе возила, експлодирала цистерна, објавува N1 Словенија.
Се наведува дека детонацијата наводно се слушнала во поголемиот дел од Словенска Бистрица. Се очекуваат официјални изјави од полицијата и пожарникарите.
Словенечкиот информативен центар за сообраќај им советува на возачите на патнички возила да се пренасочат кон регионалните патишта.
Свет
Си-Ен-Ен: Иран се подготвува за одмазда
Иран има подготвено потенцијални одговори во случај САД да ја нападнат земјата, а одмаздата би била насочена кон воени објекти на Блискиот Исток, вклучувајќи ги и оние во Ирак и Сирија, објави Си-Ен-Ен. Американските претставници укажуваат на зголемени ризици за американските сили во регионот поради страв од напад.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, постојано предупредуваше на воена акција и сега, според претставниците, е под притисок да дејствува.
„Тој повлече црвена линија и чувствува дека треба да направи нешто“, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со внатрешните дискусии.
Во меѓувреме, дебатата за следните чекори продолжува во рамките на американската администрација. Потпретседателот Џ.Д. Венс претседаваше со состанок на високи претставници за да се разговара за моменталната ситуација, при што тимот за национална безбедност на Трамп е поделен околу тоа дали да се започне воен напад.
Претставниците изјавија дека секоја акција би го избегнала распоредувањето на копнени сили и нема да претставува почеток на продолжена воена кампања. Една опција што се разгледува вклучува таргетирање на објекти поврзани со иранските безбедносни служби.
фото/Depositphotos
Свет
Белата куќа објави контроверзна слика: „На која страна, човеку од Гренланд“
Белата куќа вчера објави контроверзна слика која сугерира дека Гренланд има само две опции: американско или руско-кинеско влијание.
Сликата прикажува две санки со кучиња со знамето на Гренланд кои стојат на раскрсницата на патот. Едната патека води до Белата куќа под чисто сино небо, додека другата прикажува темни облаци од бура, молњи и знамињата на Русија и Кина.
Сликата е придружена со пораката: „На која страна, човеку од Гренланд?“
Which way, Greenland man? https://t.co/G0NnJdZRJK pic.twitter.com/TLmOwst6M6
— The White House (@WhiteHouse) January 14, 2026
Ова следи откако американскиот претседател Доналд Трамп постојано нагласуваше дека арктичкиот остров е клучен за безбедноста на САД и рече дека САД „ќе го добијат на еден или друг начин“. Сепак, Данска и Гренланд ја отфрлија идејата, истакнувајќи дека огромниот, стратешки важен и ретко населен остров не е на продажба.
Белата куќа повторно ја сподели изјавата на Трамп во која тој дополнително ја нагласи намерата да го преземе Гренланд, прикажувајќи го како неопходен предуслов за национална безбедност.
„На САД им е потребен Гренланд за национална безбедност. Тој е клучен за Златната купола што ја градиме“, рече Трамп.
Тој додаде дека НАТО би бил поефикасен ако Гренланд е под американска контрола и предупреди дека ако САД не го сторат тоа, Русија или Кина ќе го преземат.
„НАТО станува многу посилен и поефикасен со Гренланд во рацете на САД. Сè помалку е неприфатливо. АКО НИЕ НЕ ГО НАПРАВИМЕ ТОА, ЌЕ ГО НАПРАВАТ РУСИЈА ИЛИ КИНА, И ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ“, тврди Трамп.

