Свет
Во Москва уапсени 35 припадници на опозицијата

Најмалку 35-мина преставници на опозицијата се приведени денеска во Москва за време на собирот, кој бил забранет од властите. Собирот бил одржан пред затворот во кој казната ја издржува еден од лидерите на опозицијата Борис Немцов, соопшти руската полиција. Неименуван полициски извор за агенцијата Риа новости изјавил дека приведените ќе платат парични казни. Членовите на опозицијата денеска се собраа со цел да му изразат поддршка на Немцов кој е уапсен на еден собир на опозицијата на 31 декември во Москва. На 2 јануари, поради непослушност спрема безбедносните органи, тој е осуден на 15 дневна затворска казна. Уште тројца други лидери на опозицијата Едуард Лимонов, Константин Косијакин и Илија Ијачин добија затвoрски казни од пет до десет дена. Сите се уапсени на 31 декември на собирот кој се одржува секој 31 во месецот како алузија на членот 31 од Уставот кој го гарантира правото на собирање. Тогаш руската полиција соопшти дека во Москва уапсила 68, а во Санкт Петербург 50 лица. Во Москва во врска со овој настан владее тотална конфузија, бидејќи собирот кој го организира Немцов бил одобрен, а друг собир на истото место организиран од Лимонов бил забранет. крај/бета/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавена првата фотографија по апсењето на убиецот на Чарли Кирк

Медиумите ја објавија првата фотографија од 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на американскиот активист Чарли Кирк.
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, претходно денес потврди дека клучна улога во неговото апсење имал неговиот татко.
Семејството изјавило и дека последниве години тој станал политички поангажиран, а непосредно пред доаѓањето на Кирк во Јута зборувал против неговите ставови.
Истражителите откриле и пораки меѓу Робинсон и неговиот цимер, во кои се споменува оружје, оставање пушка во грмушка и гравирани куршуми. Робинсон, наводно, рекол и дека морал да ја смени облеката.
Свет
Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши војната во Украина.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп потсети дека имал добар однос со Путин, но нагласи дека ситуацијата станува сè понеприфатлива.
Како можни мерки ги наведе санкциите кон руските банки и нафтената индустрија, додавајќи дека за тоа е потребно и учество на европските држави. Притоа истакна дека веќе презел сериозни чекори – меѓу нив и воведувањето педесетпроцентни царини на извозот од Индија, земја која е еден од најголемите купувачи на руска нафта.
Свет
Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк.
Клучна трага дало семејство кое пријавило признание од Робинсон.
Видео снимките покажале дека на 10 септември пристигнал на местото со „Доџ Челинџер“. Уапсен е на 12 септември во облека што одговара на видеото.
Семејството кажало дека бил „политички поактивен“ и зборувал против Кирк на вечера пред неговото доаѓање во Јута.
Во пораки со цимерот се споменувале наводен заговор, промена на облека и куршуми со гравирани пораки („Еј фашисто! Фати!“, „Бела чао…“, „Ако го читаш ова, си геј“, „OWO. Што е ова?“).