Свет
Огномет е причината за поморот на три илјади птици во Арканзас

Причината за смртта на повеќе од три илјади црни дроздови кои паднаа од небото над еден од градовите во американската сојузна држава Арканзас, е новогодишен огномет, пишува денеска порталот на британскиот весник Guardian
Според локалните жители, кусо време по огнометото и пукањето петарди по улиците на малото гратче Биби во новогодишната ноќ, врз нивните глави од небо буквално паднал дожд од мртви птици.„Улиците, дворовите, патиштата – сè беше покриено со (мртвите) птици. На некои улици беше невозможно да се вози автомобил без да се прегази врз нив“, рекол локалниот еколог Роби Кинг.Според некои научници, причина за смртта на толку голем број птици е бучавата од експлозија на петардите и од огнометот, кои толку ги исплашиле дроздевите што тие дезориентирани во просторот се уривале врз куќите, автомобилите итн., пишува Guardian.Според друга верзија, една од птиците заглушена од огнометот го променила правецот на летот и ги повела сите други од јатото во погрешна насока.„Дроздовите летаа под покривите, под крошните на дрвјата, избегнувајќи ги експлозиите од огнометот. Овие птици имаат многу лош вид, па тие почнаа да се судраат со разните предмети (коишто им се испречуваа на нивниот правец),“, изјавила орнитологот од Аракнзас, Карен Роув.Според неа, мртви птици кои се донесени во државната лабраторија ќе бидат тестирани за разни болести или отрови кои можат да ја предизвикаат нивната ненадејна масовна смрт.И претходно во светот се забележани слични појави. На пример, во Јапонија 2009 г., во неколку области на земјата паднаа дождови од полноглавци. Причината за овој феномен, научниците не беа во можност да го објаснат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Италијанец се преправал дека е слеп 50 години, ја измамил државата за повеќе од еден милион евра

76-годишен маж од областа Виченца во Италија се преправал дека е целосно слеп повеќе од 50 години за да добие надомест за инвалидитет, измамувајќи ја државата за повеќе од еден милион евра. Измамата е откриена кога финансиската полиција го снимила како извршува секојдневни задачи без никакви проблеми, како што се градинарство и пазарување на пазарот, објавува „Кориере дел Венето“.
На снимката објавена од финансиската полиција, човекот е снимен како внимателно избира овошје и зеленчук на пазарот. Дома е снимен како врши градинарски активности, вклучувајќи кастрење и полевање растенија. Сите овие задачи ги извршувал со целосна леснотија, иако официјално бил регистриран како 100% инвалид поради слепило.
Жителот на Монтекио Маџоре е обвинет за сериозна измама против државата.
Според обвинението, човекот незаконски примал бенефиции и надоместоци наменети за слепи лица повеќе од педесет години, со што се стекнал со незаконска бенефиција од повеќе од еден милион евра. Истрагата е покрената по вкрстена проверка на податоците на корисниците на социјално осигурување, а членовите на финансиската полиција од Арзињано поминале повеќе од два месеци следејќи го. Утврдено е дека тој почнал да прима пензија и надомест за придружба уште во 1972 година, по наводна несреќа на работа.
#GdiF #Vicenza Denunciato un falso invalido per truffa ai danni dello Stato, avendo percepito indebitamente, per più di 50 anni, indennità e sussidi per un importo superiore al milione di euro.#NoiconVoi pic.twitter.com/DvqBzrir2l
— Guardia di Finanza (@GDF) October 13, 2025
Старецот е снимен како извршува голем број секојдневни задачи без ничија помош, вклучително и користење опасни алатки како што се ножици за кастрење и тримери за жива ограда. Тој, исто така, редовно одел сам на градскиот пазар, избирајќи намирници и плаќајќи во готово од сопствениот паричник.
Врз основа на цврсти докази, поткрепени со сведочење на експерти, судската власт во Виченца поднесе обвинение против лажно слепиот човек. Финансиската полиција ги извести надлежните институции за сите бенефиции веднаш да бидат суспендирани. Даночната ревизија утврди нелегален приход од над 200 илјади евра во последните пет години, период за кој може да се направи проценка, и е предложено да се конфискува овој износ.
„Оваа операција сведочи за континуираната посветеност на Финансиската полиција во борбата против измамите во секторот за социјална помош и пензиско осигурување. Јавните средства наменети за поддршка на најранливите и навистина сиромашните социјални групи неправедно се одземаат“, соопшти Покраинската команда на Финансиската полиција во Виченца.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: Русија ја таргетираше енергетската инфраструктура со 300 дронови и 37 ракети

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека Русија употребила 300 беспилотни летала и 37 ракети за напад врз украинската инфраструктура во текот на ноќта.
„Оваа есен, Русите го користат секој ден за да ја таргетираат нашата енергетска инфраструктура“, напиша тој на Икс.
Украинската приватна енергетска компанија ДТЕК претходно соопшти дека постројка за производство на гас во регионот Полтава е затворена по рускиот напад врз енергетската инфраструктура во текот на ноќта.
Извори од индустријата за Ројтерс изјавија дека руските напади предизвикале „значајна“ штета на гасниот сектор на Украина.
Главниот извршен директор на украинската државна компанија Нафтогас рече дека нападите го нарушиле работењето на неколку клучни постројки.
Тој нагласи дека тие имале директно влијание врз домашното производство на гас и дека Киев ќе мора да ги покрие загубите преку увоз.
фото: принтскрин
Свет
Израел ќе го отвори главниот граничен премин Рафа

Агенцијата за воена помош на Израел, COGAT, соопшти дека се во тек подготовки со Египет за отворање на главниот граничен премин Рафа со Газа за движење на луѓето, а датумот ќе биде објавен подоцна.
Израел претходно предупреди дека може да го држи Рафа затворен и да ја намали помошта за палестинската енклава, бидејќи рече дека Хамас е премногу бавен во враќањето на телата на заложниците. Ова го зголемува ризикот за прекинот на огнот со кој заврши разорната двегодишна војна и се овозможи ослободување на сите живи заложници што ги држеше Хамас.
COGAT, израелската воена гранка што го надгледува протокот на помош во Појасот Газа, соопшти дека хуманитарната помош сè уште влегува на територијата преку преминот Керем Шалом со Израел и други премини.
„Треба да се нагласи дека хуманитарната помош нема да поминува низ преминот Рафа. Ова никогаш не беше договорено во ниту една фаза“, додаде COGAT во изјава за Ројтерс.
Два извори вчера изјавија за Ројтерс дека се очекува преминот Рафа да се отвори за луѓето денес.
фото: принтскрин