Свет
Интерпол го отфрли барањето на киргистанските власти за потерница по Бакиев
Генералниот секретаријат на Интерпол одби да им помогне на властите во Киргистан во потрагата по поранешниот претседател Курманбек Бакиев и неговите роднини и блиски пријатели
Како што пишува киргистанската новиснка агенција „24kg“, претходно привремена влада во Бишкек побара распишување меѓународна потерница по поранешниот претседател Курманбек Бакиев кој беше принуден да ја напушти земјата.Според агенцијата, одбивањето од страна на Интерпол за распушување меѓунардона потерница по Бакиев било наведено во официјално писмо испратено до Националното централно биро на Интерпол, односно до шефот на меѓусекторска истражна група на генералниот обвинител на Киргистан, Расулов.Властите во Бишкек го бараат Бакиев за соучесништво во кривично дело, убиство и злоупотреба на власта.Според агенцијата, во дописот на Интерпол било потенцирано дека „строго е забранета каква и да е интервенција или активност во дејства од политички, воени, религиозни или расни карактери“. Во таа смисла, Генералниот секретаријат на меѓународната полциска органзиација одлучил да не издаде „црвена потерница“ (циркуларна меѓународната потерница) до земјите членки на организација за потрага и информации за лицата кои се инволвирани во конфликтот, според деловникот на Интерпол.Во меѓувреме, Националното биро на Интерпол му препорачал на Државното обвинителство на Киргистан дека ќе ги прифати „барањата за другите обвинети, бидејќи тие се наоѓаат во други кривични дела што спаѓаат во кривичното дело на обичен криминален карактер“.Во април во Киргистан беше извршен државен удар со кој власта во земјата ја презема опозицијата, а поранешниот претседател Бакиев ја напушти земјата и беше принуден да напише писмо со оставка. За време на нападот на зградата на владата во Бишкек и бередијата што настанаа потоа загинаа околу сто луѓе. Новите власти го обвинија поранешното раководствот дека го поттикнало масакрот со наредба за примена на сила врз демонстрантите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

