Свет
Почна извлекувањето на бродовите заробени во Охотско Море
Рускиот мразокршач „Адмирал Макаров“ денеска ја започна операцијата за спасување на рибарските бродови заробени во мразот во Охотско Море
Околу 14.30 часот по македонско време, мразокршачот почнал со извлекувањето на научно-истражувачкиот брод „Професор Кизеветер“, низ каналот до зоната на лесно проодниот мраз, објави руското министерство за транспорт.Следниот брод кој ќе биде извлекуван по истата маршрута до појасот во Охотсткото Море каде што слојот мраз е тенок е „Брегот надежта“.Помош за излез од заробеништвото во мразот на Охотското Море на 31-ви декември побараа пет бродови со околу 600 членови на екипажите, од кои досега доцна навечер по локално време во средата беше ослободен само „Мис Елизабет“. Во четвртокот наутро во водите на Охотско Море впловил и мразокршачот на руското Далекуисточно поморско бродарство „Красин“. Тој засега е вкотвен во Сахалинскиот залив и нема да исплови пред 9-ти јануари, доколку има потреба од негова помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
13 лица уапсени во врска со смртоносниот пожар во Хонг Конг
Полицијата во Хонг Конг уапси 13 лица како дел од истрагата за пожар во станбен комплекс во кој загинаа најмалку 151 лице, објави кинеската државна новинска агенција „Ксинхуа“, повикувајќи се на локалните власти.
Во извештајот се наведува дека седум од 20 примероци од материјалот на зградата, кои беа собрани од изгорените облакодери, не ги исполнуваа стандардите за отпорност на пожар.
„Ксинхуа“ додава дека полицијата продолжува да ја истражува несреќата.
Пожар зафати осум облакодери во Хонг Конг во средата, 26 ноември.
Фото: ЕПА
Свет
Минск го обвинува Вилнус за намерна провокација по прелетувањето на дронот
Белоруското Министерство за надворешни работи денес го повика литванскиот вршител на должноста амбасадор во таа земја, Ерикас Вилканецкас, и поднесе протестна нота откога дронот полета од Литванија, прелета над Белорусија и Полска и се врати во Литванија.
Во соопштението на Министерството се наведува дека Минск ги смета ваквите дејства за намерна провокација не само против Белорусија туку и против Полска, објавува агенцијата „Белта“.
„Ваквите дејства претставуваат закана за безбедноста на Република Белорусија и се директно кршење на меѓународното право, вклучително и Чикашката конвенција за меѓународно цивилно воздухопловство“, се вели во соопштението.
Дронот наводно прелетал во воздушниот простор на Белорусија во неделата, 30 ноември.
Фото: ЕПА
Регион
Земјоделците и денес ги блокираа патиштата во Грција, протестите се шират во земјатата
Протестите на незадоволните грчки земјоделци поради доцнењето на исплатата на субвенциите од Европската Унија денес се проширија во областа на Солун, каде што колони од трактори стигнаа до наплатната рампа Малгара и го блокираа сообраќајот на националниот автопат кон Атина. Припадници на полицијата првично го затворија пристапот до автопатот кај кружницата Малгара и не дозволија тракторите да поминат, но подоцна конвојот, во придружба на полицијата, стигна до наплатната рампа и постави блокада, јавува грчкиот канал ЕРТ.
Околу 11.20 часот правецот кон Атина беше затворен, а кратко потоа двата правци од националниот пат беа затворени.
Во исто време, има голема мобилизација меѓу земјоделците од источен Солун, кои најавија дека ќе им се придружат на своите колеги од Халкидик на заедничка блокада в среда.
Во меѓувреме, земјоделците во целата земја ги блокираа клучните национални патишта во знак на протест поради, како што велат, високите трошоци за производство, ниските цени за купување и доцнењата во владините плаќања, објави „Јуроњуз“.
На автопатот Атина – Солун, во областа Лариса, блокадата целосно го запре сообраќајот во текот на денот, а полицијата ги пренасочуваше возилата кон алтернативни патишта.
Земјоделските здруженија најавија дека, доколку не добијат одговор на нивните барања, протестите ќе бидат проширени.
Во неделата, за време на првиот ден од протестите на грчките земјоделци во централните и во северните делови на земјата поради доцнењето во исплатата на субвенциите од Европската Унија, тројца земјоделци беа уапсени во судирите со полицијата, а четири лица беа повредени – двајца земјоделци и двајца полицајци, објавија грчките медиуми.
Стотици земјоделци излегоа на улиците вчера блокирајќи ги патиштата со своите трактори во неколку области во знак на протест против конзервативната влада поради проценетиот недостиг од 600 милиони евра помош од ЕУ и други исплати, пренесува „Танјуг“.
Доцнењето на исплатите доаѓа во време на истраги за скандал во кој некои земјоделци наводно фалсификувале сопственост на земјиште и добиток за да добијат земјоделски субвенции од ЕУ. Блокадите беа дополнително засилени по апсењето неколку лица минатата недела како дел од истрагата за милионска измама со земјоделски субвенции исплатени од грчката ОПЕКЕПЕ, надлежното тело за распределба на средствата од ЕУ.
Канцеларијата на европскиот обвинител (ЕППО) објави дека прелиминарната истрага утврдила оти 324 лица примиле вкупно 19,6 милиони евра нелегални субвенции.
Фото: ЕПА

