Свет
Заврши референдумот за независност на јужен Судан
Избирачките места во Џуба, престолнината на полуавтономната покраина на јужен Судан се затворени во саботата навечер а комисијата за спроведување на референдумот објави дека веднаш по затворањето почнува и пребројувањето на гласовите
„Гласањето е завршено, ливчињата ќе бидат чувани на безбедно место, а пребројувањето ќе почне уште вечерва“, изјавил Џозеф Карин, претставник на изборната комисија во Џуба за AFP. Комисијата соопшти дека на референдумот излегле повеќе од 80 отсто од четирите милиони гласачи.„Тоа е извонреден резултат имајќи ги предвид сите меѓународни нормативи. Следев повеќе избори во оваа земја и можам да кажам дека овие беа најмирни и најдобро организирани“, го цитира агенцијата претседателот на комисијата за спроведување на референдумот, Мохамед Ибрахим Калил.Уште во четвртокот беше соопштено дека одѕивот на избирачите во текот на референдумот кој траеше една седмица изнесува повеќе од 60 проценти, што беше доволно за валидност на плебисцитот. Се очекува првите резултати да бидат соопштени во следните неколку денови, а конечниот исход од референдумот треба да биде соопштен во првата половина од февруари. Победата на поддржувачите на независноста на јужните судански покраини според аналитичарите не е доведена во прашање, а како што известуваат и светските агенции таква атмосфера владее и меѓу населението. Единствено се очекува колкав ќе биде процентот на поддршката што ќе ја добијат политичарите коишто се залагаа за отцепувањето на јужните покраини од унитарниот Судан. Инаку централната влада на Судан не водеше никаква кампања за убедување на населението од југот за останување во унитарната заедница. Аналитичарите очекуваат мнозинскиот христијански, со нафта богат јужен Судан да се одвои од претежно муслиманскиот север, а власта на север вети дека доколку референдумот успее, ќе дозволи мирно да се одвои јужниот дел.Во саботата според дописниците на агенциите во Картум, главниот град на Судан, атмосферата не била весела, по се’ поизвесното делење на најфолемата африканска држава, во кој северот има 32 милиона а на југот живеат девет милиони население. Се’ поизвесното изгласување на независноста ќе значи дека ќе биде формирана 193-та држава во светот која според најавите ќе биде втемелен во април, кога според мировниот договор со кој заврши граѓанската војна во југот на Судан, истекува шестгодишниот преоден период. Конфликтите во Судан без прекин траат веќе неколку децении. Граѓанската војна меѓу северот и југот на Судан којашто траеше од 1955 до 1972 г. заврши во обезбедувањето на одреден степен на автономија и внатрешно управување за јужните држави. Примирјето траеше околу десет години, по што вооружениот конфликт ги обнови Народната армија за солободување на Судан.Мировните преговори меѓу бунтовниците од југот и владата во 2003 и 2004 г., дојдоа до посакуваните резултати за мир. Во 2005 г., двете страни потпишаа сеопфатен мировен договор, според кој на 9 јануари 2011 г. ќе се одржи референдум. На плебисцитот населението од јужниот дел на Судан ќе одлучи дали да остане во составот на унитарниот Судан или да ќе формираат независна држава.Покрај Народната армија за ослободување на Судан, во јужниот дел на земјата дејствуваат уште неколку бунтовнички групи, кои истакнуваат свои барања. И покрај мировниот договор од 2005 г., се’ уште има спорадични судири меѓу нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

