Контакт

Свет

Заврши референдумот за независност на јужен Судан

Објавено пред

Избирачките места во Џуба, престолнината на полуавтономната покраина на јужен Судан се затворени во саботата навечер а комисијата за спроведување на референдумот објави дека веднаш по затворањето почнува и пребројувањето на гласовите

dobivaj vesti na viber

„Гласањето е завршено, ливчињата ќе бидат чувани на безбедно место, а пребројувањето ќе почне уште вечерва“, изјавил Џозеф Карин, претставник на изборната комисија во Џуба за AFP. Комисијата соопшти дека на референдумот излегле повеќе од 80 отсто од четирите милиони гласачи.„Тоа е извонреден резултат имајќи ги предвид сите меѓународни нормативи. Следев повеќе избори во оваа земја и можам да кажам дека овие беа најмирни и најдобро организирани“, го цитира агенцијата претседателот на комисијата за спроведување на референдумот, Мохамед Ибрахим Калил.Уште во четвртокот беше соопштено дека одѕивот на избирачите во текот на референдумот кој траеше една седмица изнесува повеќе од 60 проценти, што беше доволно за валидност на плебисцитот. Се очекува првите резултати да бидат соопштени во следните неколку денови, а конечниот исход од референдумот треба да биде соопштен во првата половина од февруари. Победата на поддржувачите на независноста на јужните судански покраини според аналитичарите не е доведена во прашање, а како што известуваат и светските агенции таква атмосфера владее и меѓу населението. Единствено се очекува колкав ќе биде процентот на поддршката што ќе ја добијат политичарите коишто се залагаа за отцепувањето на јужните покраини од унитарниот Судан. Инаку централната влада на Судан не водеше никаква кампања за убедување на населението од југот за останување во унитарната заедница. Аналитичарите очекуваат мнозинскиот христијански, со нафта богат јужен Судан да се одвои од претежно муслиманскиот север, а власта на север вети дека доколку референдумот успее, ќе дозволи мирно да се одвои јужниот дел.Во саботата според дописниците на агенциите во Картум, главниот град на Судан, атмосферата не била весела, по се’ поизвесното делење на најфолемата африканска држава, во кој северот има 32 милиона а на југот живеат девет милиони население.  Се’ поизвесното изгласување на независноста ќе значи дека ќе биде формирана 193-та држава во светот која според најавите ќе биде втемелен во април, кога според мировниот договор со кој заврши граѓанската војна во југот на Судан, истекува шестгодишниот преоден период. Конфликтите во Судан без прекин траат веќе неколку децении. Граѓанската војна меѓу северот и југот на Судан којашто траеше од 1955 до 1972 г. заврши во обезбедувањето на одреден степен на автономија и внатрешно управување за јужните држави. Примирјето траеше околу десет години, по што вооружениот конфликт ги обнови Народната армија за солободување на Судан.Мировните преговори меѓу бунтовниците од југот и владата во 2003 и 2004 г., дојдоа до посакуваните резултати за мир. Во 2005 г., двете страни потпишаа сеопфатен мировен договор, според кој на 9 јануари 2011 г. ќе се одржи референдум. На плебисцитот населението од јужниот дел на Судан ќе одлучи дали да остане во составот на унитарниот Судан или да ќе формираат независна држава.Покрај Народната армија за ослободување на Судан, во јужниот дел на земјата дејствуваат уште неколку бунтовнички групи, кои истакнуваат свои барања. И покрај мировниот договор од 2005 г., се’ уште има спорадични судири меѓу нив.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Вашингтон одложил неколку испораки на оружје за Израел

Објавено пред

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден одложи неколку испораки на оружје за Израел во изминатите две недели, изјави неименуван извор за Политико.

dobivaj vesti na viber

Изворот близок до администрацијата тврди дека Вашингтон на тој начин сака да испрати политичка порака до Тел Авив.

Белата куќа, се вели, не може да поддржи израелска офанзива врз градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа без соодветен и веродостоен хуманитарен план.

Одложените пратки вклучуваат опрема за наведувани бомби направени од Боинг, дизајнирани да бидат попрецизни.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) На аеродромите во Велика Британија илјадници патници блокирани: Проблемот е на „национално ниво“

Објавено пред

Аеродромите низ Велика Британија се во хаос откако сите порти беа затворени поради компјутерска грешка во граничните служби, пишува Дејли мејл.

dobivaj vesti na viber

Сликите на социјалните мрежи покажуваат огромни редици пред портите додека илјадници луѓе чекаат да им ги проверат пасошите.

Се шират гласини дека Хитроу не е единствениот аеродром погоден од наводната грешка, туку и Манчестер и Гетвик.

Персоналот на Хитроу, наводно, им рекол на патниците во редици дека тоа е национален проблем.

Една патничка за „Дејли мејл“ изјавила дека чекала ред цел час, а персоналот на аеродромот почнал да дели вода.

Таа додаде дека на луѓето им било кажано дека аеродромот работи на алтернатива за проверка на документите на патниците.

Прикажи повеќе...

Регион

Кси слета во Србија: Претседателот на Кина пречекан од Вучиќ и државниот врв

Објавено пред

Заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и првата дама, кинескиот претседател Кси Џинпинг беше пречекан на црвениот тепих од српската делегација составена од премиерот Милош Вучевиќ, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, српската амбасадорка во Кина Маја Стефановиќ и кинескиот амбасадор во Белград Ли Минг со сопругата.

dobivaj vesti na viber

Свечениот пречек на кинеската делегација која брои 400 лица е закажан за в среда пред палатата „Србија“.

Домаќин на претседателот Кси Џинпинг ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ, а двајцата лидери ќе разговараат за широк спектар на теми – од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.

За време на дводневната посета на Кси Џинпинг на Србија, планирано е да се потпишат над 30 договори.

Беше организиран и свечен ручек на кој кинескиот претседател ќе има можност да дегустира српски јадења и вина, а ќе има и музичка програма на српски и кинески јазик, која ќе заврши со песната „Ова е Србија“.

Поради доаѓањето на кинескиот претседател преземени се големи безбедносни мерки, па неговата делегација ќе ја обезбедуваат 3.400 полицајци.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ8 часа

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија10 часа

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија13 часа

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија13 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија15 часа

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ17 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет17 часа

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија17 часа

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија18 часа

Акредитирани 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија19 часа

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија1 ден

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија1 ден

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ1 ден

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ1 ден

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет1 ден

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет2 дена

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија2 дена

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија2 дена

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија2 дена

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија2 дена

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...