Свет
Британија го врти фокусот кон економиите во подем

Британија ќе го пренасочи својот дипломатски фокус кон економиите во подем, бидејќи тие не само што имаат економска тежина, туку се повеќе и политичка, изјавил шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг при неговата посета на Хонг Конг, пренесува СинхуаГоворејќи на четвртиот Азиски финансиски форум, кој привлекува преку 1.600 политички и деловни лидери од цел свет, Хејг истакна дека Британија се соочува со „двоен императив“ за промени, како што светскиот економски гравитационен центар се движи од Запад кон Азија и латинска Америка. „Многу од овие земји се истите оние со кои мораме да работиме во мултилатералните организации и за прашањата на безбедноста“, вели Хејг.Шефот на британската дипломатија истакнал и дека повеќе не е можно да се занемарува важноста на азиските пазари и дека Британија мора да ги развива своите врски со регионот за да може да просперира во иднина.Тој забележа дека Јапонија и Кина се двата најголеми пазари на светот за луксузни производи, витална индустрија за Британија, како и дека Азија со развојот од 6,7 проценти на годишно ниво ќе го предводи заздравувањето на глобалната економија. /крај/синхуа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Трагедијата можеше да се спречи“: објавен конечниот извештај за имплозијата на подморницата „Титан“

„OceanGate“, чија подморница „Титан“ имплодираше за време на експедицијата кон остатоците од Титаник во 2023 година, имаше „критично недоволни безбедносни практики“ и „токсична работна култура“, се заклучува во официјален извештај на американската крајбрежна стража објавен по двегодишна истрага.
Конечниот извештај за „OceanGate“ беше објавен од страна на американската крајбрежна стража и нејзиниот Одбор за поморски истраги (MBI). Станува збор за компанијата (OceanGate) која е одговорна за подморницата „Титан“, која имплодираше пред две години за време на нуркање кон остатоците од Титаник, при што загинаа сите пет лица.
Во извештајот од 335 страници, објавен во вторникот, се вели дека „OceanGate“ не ги следела инженерските протоколи за безбедност, тестирање и одржување на бродовите. Документот ги истакнува сериозните проблеми во начинот на работење на компанијата, нејзината работна култура и предупредува на потребата од построг регулаторен надзор на „подморници со екипаж и бродови со нов дизајн“.
„Неколку години пред инцидентот, „OceanGate“ користеше тактики на заплашување, дозволи за научни операции и поволна корпоративна репутација за да избегне регулаторен надзор“, се вели во извештајот, пишуваат медиумите.
Понатаму се вели дека компанијата „стратешки создаде и искористи регулаторна конфузија“ успеала да го управува „Титан“ целосно надвор од воспоставените протоколи за длабоко море, што историски придонеле за безбедноста на комерцијалните подморници.
„Трагедијата можеше да се спречи“
„Оваа морска несреќа и загубата на пет животи можеа да се спречат. Двегодишната истрага идентификуваше повеќе фактори што доведоа до трагедијата, давајќи вредни лекции за спречување на идни несреќи. Потребен е посилен надзор и јасни опции за операторите што истражуваат нови концепти надвор од постојната регулаторна рамка“, рече Џејсон Нојбауер, претседател на МБИ на „Титан“.
Критично погрешна безбедносна култура
Во извештајот се наведува дека „примарните фактори што предизвикуваат“ трагедија биле несоодветното справување со инженерските проблеми и недостатокот на разбирање за тоа како трупот би реагирале во „по природа опасна средина“.
И покрај инцидентите што го нарушија интегритетот на трупот,„ OceanGate“ продолжи да го користи „Titan“. MBI, исто така, ја истакнува „критично погрешната“ безбедносна култура и оперативните практики на компанијата.
„Во срцето на овие пропусти беа очигледните несовпаѓања помеѓу пишаните безбедносни протоколи и вистинската пракса“, се вели во извештајот.
Исто така, се истакнува дека напорите на раководителите на „OceanGate“ да го претстават „Titan“ како „неуништлив“ создале „лажно чувство на безбедност“ кај патниците и регулаторите.
Американската крајбрежна стража, исто така, ги наведе неуспесите на државните институции, нагласувајќи дека имало „пропуштена можност“ за интервенција.
„Раната интервенција можеше да резултира со тоа што „OceanGate“ ќе бараше усогласеност со регулативите или ќе ги напушташе плановите за експедициите на Титаник“, се наведува во извештајот.
Фото: принтскрин
Свет
Нов Зеланд воведува даноци за странски туристи на најпознатите природни локации

Нов Зеланд планира да почне да им наплаќа влезници на меѓународните туристи за своите познати природни места и да им го олесни работењето на бизнисите на заштитено земјиште, како дел од контроверзниот предлог за „ослободување“ на растот во еколошки и културно заштитените подрачја.
Посетителите ќе плаќаат до 40 новозеландски долари за пристап до одредени атракции во наредните години, како дел од реформата на законите за заштита на природата.
Владата планира да им наплаќа на странските посетители 20-40 новозеландски долари (12-24 американски долари) по лице за пристап до некои места.
Овие такси би биле воведени од 2027 година, пишуваат медиумите.
Министерката за заштита на природата, Тама Потака, рече дека овие такси би можеле да донесат 62 милиони новозеландски долари годишно, „за да можеме да продолжиме да инвестираме во локациите што ја формираат основата на голем дел од нашиот туристички сектор“.
Најавите на владата се дел од поширока реформа на законите за заштита на природата, што исто така ќе ја олесни продажбата или размената на заштитено земјиште и ќе овозможи спроведување на повеќе активности во заштитените подрачја без потреба од дозвола.
„Во духот на давање зелено светло за повеќе работни места, поголем раст и повисоки плати“, владата ќе „ослободи нов бран концесии“, вклучително и во туризмот, земјоделството и инфраструктурата на одредени локации, изјави премиерот Кристофер Лаксон во саботата.
Заштитеното земјиште е јавна сопственост и сочинува една третина од територијата на Нов Зеланд. Опфаќа области со биодиверзитет, историско или културно значење.
Свет
Почина поранешниот претседател на Романија, Јон Илиеску

Поранешниот претседател на Романија, Јон Илиеску, почина денес на 96-годишна возраст, објави претседателот на Социјалдемократската партија (ПСД), Сорин Гриндану.
На почетокот на јуни, Илиеску беше примен во болница, каде што беше опериран од рак на белите дробови, а во текот на последните неколку дена неговото здравје брзо се влоши. Според медицинските извештаи, неколку органи откажаа, објавува „Аѓерпрес“.
Јон Илиеску беше претседател на Романија двапати од 1990 до 1996 година и повторно од 2000 до 2004 година. Тој беше првиот посткомунистички претседател на Романија по револуцијата во 1989 година, во која одигра водечка улога.
Илиеску беше лидер на Националниот фронт за спас, кој подоцна прерасна во Социјалдемократска партија. За време на неговиот мандат, Романија стана членка на НАТО и започна преговори за пристапување кон Европската унија.
Фото: принтскрин