Свет
Модерните пирати киднапираа рекорден број на луѓе и бродови во 2010
Пиратите минатата година во напади врз бродови киднапирале 1.181 луѓе соопшти денеска меѓународното биро за пловидба, додавајќи дека се работи за рекорден број.Пиратите исто така постигнале рекорд во напад на бродови – ограбиле 53 бродови, што е највисока бројка од основањето на Бирото во 1991 година, изјави Потенгал Мукундан, директорот на организацијата со седиште во Каула Лумпур.Освен во четири случаи, сите бродови се нападнати во близина на брегот на Сомалија, каде што пиратите земале заложници од 1.016 патници и морнари. Во судирите со пиратите, животот го загубиле осум морнари.Кон крајот на 2010 година, пиратите во заробеништво држат 28 брода и 638 луѓе за кои бараат откуп./крај/бе/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Доктор од Македонија прегазил куче во Софија и продолжил да вози, случајот ја разбранува Бугарија
Дваесет и деветгодишен маж од Македонија со автомобил прегазил куче, а потоа побегнал од местото на настанот, јави „БТВ“. Инцидентот бил снимен со безбедносна камера.
Маја, улично куче за кое жителите од маалото се грижеле веќе 14 години, била прегазена пред гаража. На снимката се гледа како возачот запира по ударот, излегува од автомобилот, но наместо да помогне – си заминува. Настанот предизвика илјадници коментари и осуди на социјалните мрежи.
Според „Офњуз“, сторителот признал дека го удрил кучето, но тврдел дека маневрот бил ненамерен и дека немал никаква намера да ѝ наштети. Полицијата потврди дека мажот е државјанин на Македонија, без криминално досие и дека не бил под дејство на алкохол.
Материјалите од истрагата се доставени до Окружното обвинителство во Софија, идентификувани се тројца сведоци и запленет е видеозаписот од безбедносната камера.
Од Военомедицинската академија (ВМА) во Софија, за БТВ изјавиле дека раководството е информирано за инцидентот и дека соработуваат со надлежните органи.
Свет
Американците би можеле да плаќаат двојно поскапи италијански тестенини
Љубителите на италијанската паста во САД би можеле наскоро да се соочат со драстично поскапување – цената на тестенините може да се удвои поради предложена царина од 107 проценти на увозот од Италија.
Министерството за трговија на САД започна антидампинг истрага по жалби од домашни производители. На удар се неколку водечки италијански брендови, меѓу кои, а конечните резултати ќе бидат објавени до 2 јануари 2026 година.
Италијанските компании тврдат дека царината е „несоодветна и политички мотивирана“.
„Со толку високи давачки, нашите производи нема да можат да стигнат на американскиот пазар“, предупреди Маргерита Мастромауро од здружението Унионе Италијана Фуд.
Според земјоделската организација „Колдирети“, ваквата мерка би ја дуплирала цената на чинија тестенини за американските семејства и сериозно би ги погодила италијанските производители.
Свет
(Видео) Се урна нов мост во Кина
Новоотворениот мост во кинеската покраина Сечуан делумно се урна, но сè уште не е познато дали има жртви.
Дел од пристапот до мостот Хонгчи и дел од трупот се урнаа и предизвикаа лизгање на земјиштето, објави Ројтерс.
The Hongqi Bridge in Shuangjiangkou, Sichuan Province, China has collapsed.
Looks like the foundation on the mountain was not deep & strong enough.*This is a big dent on China’s structural engineering image & China haters are already having a field day laughing & mocking this… pic.twitter.com/bjSh0XhQMT
— Zimbo_Factual (@fracta70911) November 11, 2025
Мостот долг 748 метри е дел од националниот автопат што ја поврзува покраината со Тибет, а пукнатините наводно се појавиле поради обилните дождови.
Изградбата на мостот беше завршена претходно оваа година, а изведувачи беа „Сечуан Роудс енд Бриџ Груп“.

