Свет
Во Тунис почна истрага за финансиски махинации на Бен Али и неговото семејство
Туниските власти почнаа истрага за финансиските активности на соборениот претседател Зин ал-Абидин Бен Али и неговото семејство, јавува сателитската телевизија „Ал Џезира“. Станува збор за истрагата којашто се води за „незаконско стекнување сопственост“ и „нелегални инвестиции во странство“ од страна на соборениот туниски претседател и неговите роднини. Привремената влада на националното единство предводена од премиерот Михамед ал-Гануши формирана во понеделникот, по „револуцијата на јасминтите“ како што веќе на запад се нарекуваат безредијата кои доведоа до тоа поранешниот претседател Зин ал-Абидин Бен Али да ја напушти земјата, најави основање неколку владини комисии, коишто ќе вршат истраги за активностите на повисоки државни чиновници кои можат да бидат обвинети за корупција. Претседателот Бен Али кој беше непрекинато на власт во Тунис цели 23 години, и неговото семејство во кое се неколку од најголемите туниски бизнисмени, поседува огромно богатство и имот низ целиот свет. Покрај тоа, според некои информации, бегајќи од земјата по бранот демонстрации, Бен Али изнесол од Тунис околу десет милијарди евра. Неговата сопруга, која претходно избега во странство, пред тоа, зела 1,5 тони на злато од Централната банка. Во средата, властите во Швајцарија одлучија да ги замрзнат на три години сите сметки на поранешниот претседател на Тунис, а исто така и да воведат забрана за продажба на недвижниот имот што Бен Али и семејството го поседуваат во Швајцарија. Туниските легитимни власти може во секое време да побара враќање на овие средства во земјата./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него
Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди долари, објави порталот Политико, цитирајќи неименуван американски функционер.
Според официјални лица, пакетот оружје вклучува контраартилериски радар, тактички возила, пресретнувачи Патриот, беспилотни летала, артилерија, прецизна муниција и системи против беспилотни летала.
На почетокот на неделава Претставничкиот дом на американскиот Конгрес донесе закон за пакет воена помош за Украина, Израел и кинескиот регион Тајван во вредност од 95 милијарди долари, од кои 61 милијарда долари се наменети за помош на Украина.
Лидерот на Демократите во Сенатот Чак Шумер изјави дека оставил порака за украинскиот претседател Володимир Зеленски, која гласи: „Завршивме. Сега – победи“.
„Овој предлог-закон е една од најважните мерки усвоени од Конгресот долго време за заштита на американската безбедност и безбедноста на западните демократии“, рече Шумер.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.
Свет
Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства
Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и Александар Кајгородцев веќе ги признале злосторствата што ги направиле во селата Подо-Калиновка и Абрикосовка, пишува рускиот медиум Ура.ру.
Меѓу жртвите се двајца полицајци и началникот на селото Љубов Тимчак, кој е назначен од Русија. Телото на началникот било пронајдено во средата, а на него биле видливи рани од огнено оружје, оган и експлозивни направи.
Полицијата набрзо добила дојава од заменик началникот на округот Алешински за откривање на уште две изгорени и осакатени тела на маж и жена. Безбедносните сили ги уапсиле осомничените истиот ден, а набрзо се испоставило дека станува збор за руските војници Александар Осипов и Александар Кајгородцев.