Свет
Нови протести во Тунис, уапсени 33 роднини на Бен Али

Околу 1.000 лица кои бараат оставка од преодната влада, денеска во центарот на Тунис започнаа нови протести, додека властите денеска соопштија дека уапсиле 33-ца роднини на соборениот претседател Зин ал Абидин Бен Али.
„Народот сака оставка од владата“ извикуваа демонстрантите чија парада низ центарот на Тунис ја запреа специјалните полициски единици.
Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало „Предавници, повеќе не се плашиме од вас“ и „Оди си РЦД“ што е скратеница од партијата на Бен Али.
Туниската телевизија повикувајќи се на неименувани извори јави дека досега се уапсени 33 членови на семејството на Бен Али кој во петокот побегна во Саудиска Арабија по неколкунеделните протести ширум земјата.
Телевизијата прикажа снимки со накит, часовници и банкарски картички кои биле запленети за време на апсењето, како и пенкала кои можат да испукуваат куршуми.
Туниските истражни органи вчера отворија истрага против Бен Али, кој владееше 23 години, за нелегално стекнување со имот и незаконско префрлување на пари во странство.
Истрагата е проширена и на неговата жена Лејла Трабелси, како и на најблиското семејство, синовите и ќерките. /крај/бета/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка на Иран.
„Генералниот секретар на Хезболах не учи ништо од судбината на своите претходници и се заканува дека ќе дејствува против Израел по наредба на иранскиот диктатор.
Предлагам овој либански пион да биде внимателен и да разбере дека Израел го изгубил трпението со терористите кои му се закануваат. Ако се случи тероризам – Хезболах повеќе нема да постои“, напиша Кац во објава на Икс.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.