Свет
Прелиминарен договор за замрзнување на имотот на Бен Али
Европските држави денеска постигнаа прелиминарен договор за замрзнување на имотот на поранешниот туниски претседател Зин Ел Абибине Бен Али и неговите најблиски соработници. Веста ја пренесе агенцијата Франс прес повикувајќи се на свои извори во Брисел.„Имаме консензус за замрзнување на имотот на поранешниот претседател Бен Али, неговото семејство и неговото блиско окружување“, изјавил за Франс прес неименуван европски дипломат. Договорот е постигнат на состанокот на стручњаци на 27 земји членки на Европската унија посветен за земјите од Магреб. Европската унија сега очекува новите власти во Тунис да и достават прецизна листа на лица кои ќе бидат опфатени со одлуката за замрзнување на имотите, изјавил дипломатот. Одлуката треба да ја потврдата амбасадорите на земјите членки на Европската унија, а потоа и министрите за надворешни работи, најверојатно на состанокот планиран за 31 јануари. Швајцарија вчера одлучи да го блокира имотот на Бен Али и неговите соработници во таа земја. Поранешниот претседател на Тунис во егзил, во Саудиска Арабија се наоѓа од минатиот петок, тој земјата ја напушти по едномесечните демонстрации. Правосудството на Тунис покрена истрага против финансиските малверзации на Бен Али и неговото семејство за време на неговото 23-годишно владеење. крај/бета/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.
Свет
Зеленски за Иран: Тие не заслужуваат да постојат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа американската позиција за Иран во своето дневно видео обраќање објавено на социјалните мрежи.
„Ја поддржуваме позицијата за Иран: режим кој траеше толку години и уби толку многу луѓе не заслужува да постои“, рече Зеленски.
Исто така, тој додаде дека „промените се неопходни“.
Пораката на Зеленски доаѓа во време кога голем број европски земји ги поканија иранските амбасадори на разговори во знак на протест против смртоносното задушување на демонстрантите.
Од друга страна, воениот непријател на Украина, Русија, инаку сојузник на Иран, го осуди она што го опиша како „субверзивно странско мешање“ во внатрешната политика на Техеран, пишуваат медиумите.
Свет
Францускиот министер за надворешни работи: Гренланд не е на продажба, уцените мора да престанат
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денес изјави дека Гренланд „не е на продажба“ и ги повика САД да престанат, како што рече, со „уцените“.
„Напад врз друга членка на НАТО не би имал никаква смисла, дури би бил против интересите на Соединетите Американски Држави, и затоа оваа уцена очигледно мора да престане“, рече Баро за RTL.
Тој потврди дека Франција ја поддржува Данска и го најави отворањето на францускиот конзулат на островот на 6 февруари, што го означи како политички сигнал.
„Не ја изгубивме војната, играта не е завршена, топката е во дворот на европските парламентарци“, рече министерот, алудирајќи на дипломатските тензии во врска со Гренланд, објави Ројтерс.
Во истото интервју, Баро ги критикуваше иранските власти за потиснување на демонстрациите низ целата земја, велејќи дека оваа репресија е „најнасилна во модерната историја на Иран“ и дека „апсолутно мора да престане“.

