Свет
Голема акција на ФБИ против мафијата во САД

Повеќе од 120 припадници на пет мафијашки семејства од Њујорк се обвинети за убиства, рекетирање, илегално обложување и трговија со наркотици, во една од најголемите рации против мафијата во историјата на ФБИ, објавија американските сојузни обвинители
Американскиот министер за правда, Ерик Холдер на прес конференцијата во Њујорк изјави дека помеѓу 127-те обвинети има и високопозиционирани членови на фамилиите Гамбино и Коломбо. Меѓу уапсените е поранешниот шеф на организираниот криминал во регионот Њу Ингланд, кој ги опфаќа државите на североистокот на САД. На мета на ударот против организираниот криминал се сите пет главни фамилии на „Коза Ностра“ во Њујорк – Џеновезе, Гамбино, Лукезе, Коломбо и Бонано. Во рацијата во која се уапсени членовите на мафијата учествувале 800 агенти на ФБИ и полицијата во сојузните држави Њујорк, Њуџерси и Род Ајсланд. Еден од обвинетите е уапсен во Италија. Министерот Холдер акцијата ја нарече „важен чекор напред во борбата на САД против организираниот криминал. Властите соопштија дека во истрагата помогнале доушници кои успеале да снимат илјадници часови разговор со осомничените мафијаши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка на Иран.
„Генералниот секретар на Хезболах не учи ништо од судбината на своите претходници и се заканува дека ќе дејствува против Израел по наредба на иранскиот диктатор.
Предлагам овој либански пион да биде внимателен и да разбере дека Израел го изгубил трпението со терористите кои му се закануваат. Ако се случи тероризам – Хезболах повеќе нема да постои“, напиша Кац во објава на Икс.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.