Свет
Иран и „шестката“ го завршија првиот ден од разговорите во Истанбул
Во петокот околу пладне заврши првиот ден од редовните состаноци на претставници на Иран и шесте меѓународни посредници за решавање на иранската нуклеарна програма (Русија, Кина, САД, Франција, Велика Британија и Германија), кој се одржува во Турција
Како што извести иранската новинска агенција IRNA која се повикува на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, средбата во Истанбул во рамките на дводневните разговори била одржана во пријателска атмосфера, којашто им дозволила на сите страни да ја потврдат својата позиција утврдена на претходната средба во декември во Женева. На разговорите учествуваат: од страна на Европската унија, Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, Катрин Ештон, замениците министри за надворешни работи на државите од „шестката“ а иранската делегација е предводена од секретарот на Врховниот совет за национална безбедност, Саид Џалили. Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон ги потврдила заложбите за продолжување на преговорите „за да се изнајдат заемно прифатливи решенија“, се наведува меѓу другото во информацијата на иранската новинска агенција. Како што е договорено, продолжението на средбата на претставници на Иран и шесте земји, во петокот и саботата (22-ти јануари) до попладневните часови. Претходниот круг од разговорите за иранското нуклеарно прашање, што се одржаа по едногодишна пауза во процесот на преговори меѓу иранскиот страна и „шестката“, заврши на 7-ми декември 2010 г. во Женева. Средбата резултираше со согласноста на Иран да се одржи уште една средба во Турција за да се разледаат прашањата поврзани не само за нуклеарната програма на Техеран, туку и за изнаоѓање начини за поблиска соработка на меѓународен план, и покрај тоа што иранската страна тврдоглаво продолжува да одбива да разговара само за иранската нуклеарна програма, сметајќи го тоа за нивно неоттуѓиво право. Рускиот министер за надворешни рабооти Срергеј Лавров, кој во четвртокот во Истанбул присуствуваше на состанокот на турско-рускиот комитет за соработка на највиско ниво, изјави дека нуклеарната програма на Иран не треба да биде единствената точка на дневниот ред на оваа средба. Според Лавров, во Истанбул теба да се разговара и за други прашања, вклучувајќи ја и можноста за укинување на санкциите доколку Иран поефикасно соработува со Меѓународната агенција за нуклеарна енергија – ИАЕА, за темите од областа на економската соработка и заемните настапи на регионално ниво. „Шестката “ во 2003 г. заедно со ИАЕА побара од Иран да го суспендира збогатувањето на ураниумот, што може да претставува закана за нераспространувањето на нуклеарното оружје. Разговорите беа прекинати во 2009 г., кога Одборот на гувернери на ИАЕА го осуди Иран за изградба на втората фабрика за збогатување на ураниум и го повика Техеран да докаже дека „нема донесено решение за изградба на други нуклеарни објекти, кои не се пријавени до Агенцијата.“ САД и другите западни земји го обвинуваат Иран дека развива нуклеарно оружје под маската на цивилна програма за нуклеарна енергија. Техеран ги негира обвиненијата, велејќи дека неговата нуклеарна програма е насочена кон исполнување на потребите за електрична енергија на земјата, како и за медицински цели. Советот за безбедност на ОН во јуни 2010 г. донесе уште една резолуција, која предвидува построги санкции против Иран. Ова е четврта резолуција усвоени од страна на Советот за безбедност на ОН како одговор на неподготвеноста на Техеран за усогласување со меѓународните барања и давањето одговор на прашањата за иранската нуклеарна програма, вклучувајќи го и ота за наводниот воена компонента на програмата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Здравствено предупредување во Велика Британија поради студеното време
Четиридневно здравствено предупредување поради студеното време е на сила во Велика Британија од денес, а Метеоролошката служба предупреди на снег и мраз.
Предупредувањето на Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги опфаќа централните и северните области на земјата и трае до понеделник во 8 часот наутро, објавува „Sky News“.
Метеоролошката служба објави дека арктичката морска воздушна маса донесе постудени услови и издаде жолто ниво на предупредување за снег и мраз.
Оваа состојба ја опфаќа практично цела Шкотска и поголемиот дел од северна Англија.
„На локациите над 200 метри во Шкотска и северна Англија може да се видат 2-5 см снег, но на локациите над 300 метри може да се видат двојно повеќе, дури и до 10 см“, изјави главниот прогнозер на Метеоролошката служба, Џејсон Кели.
Утре низ целата земја се предвидува утро со мраз и температури под нулата, а на некои места се очекува сув ден, прв од почетокот на годината, имајќи ја предвид големата количина на врнежи од почетокот на јануари.
Северна Ирска, исто така, го забележа највлажниот јануари во последните 149 години, според „Скај њуз“.
Метеоролошката служба најави дополнителни дождови, силни ветрови и снег во северните области.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Свет
Зеленски потпиша: Украина воведува санкции за 91 брод од руската „флота во сенка“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ за спроведување на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување санкции врз 91 брод кои се дел од таканаречената руска „флота во сенка“, објави Канцеларијата на претседателот на Украина.
Канцеларијата забележува дека Русија ги користела овие бродови за транспорт на нафта и нафтени деривати од руските пристаништа до трети земји, пренесува Укринформ.
Како што е наведено, ова е направено со заобиколување на санкциите на Европската Унија, Г7 и други земји, што е потврдено од резултатите од мониторингот во Црното, Црвеното и Балтичкото Море.
Санкцираните бродови пловеле под знамињата на околу 20 земји, наведува Укринформ, додавајќи дека само едно од нив било руско, а другите биле знамињата на Панама, Либерија, Камерун, Барбадос, Маршалските Острови, Хонг Конг, Сиера Леоне, Тонга, Палау, Гвинеја, Коморите, Бахамите, Индонезија, Малави, Гвинеја-Бисао, Џибути, Гвајана и Есватини.
„Украина ќе им обезбеди релевантни информации на овие земји, а исто така ќе соработува со партнерите за понатамошна синхронизација на санкциите во нивните јурисдикции. Од оваа листа на бродови, 27 веќе се под санкции од партнерите – САД, Велика Британија, Швајцарија и Европската Унија. Работата за воведување санкции за преостанатите 64 ќе продолжи“, забележува публикацијата.
Кабинетот на претседателот нагласува дека воведувањето санкции врз „флотата во сенка“ е приоритет, бидејќи овозможува да се изврши притисок врз секој што транспортира руска нафта и со тоа ѝ помага на Русија да добие средства за финансирање на војната против Украина.
„Танкерите на „флотата во сенка“ се клучна алатка за заобиколување на санкциите за нафта, па затоа нивната идентификација и воведувањето санкции против нив мора да се изврши брзо и без исклучок. Секој таков брод мора да се смета за елемент на финансирање на руската воена машинерија“, рече Владислав Власјук, советник и комесар на претседателот за политика на санкции, пренесува Танјуг.

