Контакт

Свет

Иран и „шестката“ го завршија првиот ден од разговорите во Истанбул

Објавено пред

Во петокот околу пладне заврши првиот ден од редовните состаноци на претставници на Иран и шесте меѓународни посредници за решавање на иранската нуклеарна програма (Русија, Кина, САД, Франција, Велика Британија и Германија), кој се одржува во Турција

dobivaj vesti na viber

Како што извести иранската новинска агенција IRNA која се повикува на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, средбата во Истанбул во рамките на дводневните разговори била одржана во пријателска атмосфера, којашто им дозволила на сите страни да ја потврдат својата позиција утврдена на претходната средба во декември во Женева. На разговорите учествуваат: од страна на Европската унија, Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, Катрин Ештон, замениците министри за надворешни работи на државите од „шестката“  а иранската делегација е предводена од секретарот на Врховниот совет за национална безбедност, Саид Џалили. Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон ги потврдила заложбите за продолжување на преговорите „за да се изнајдат заемно прифатливи решенија“, се наведува меѓу другото во информацијата на иранската новинска агенција. Како што е договорено, продолжението на средбата на претставници на Иран и шесте земји, во петокот и саботата (22-ти јануари) до попладневните часови. Претходниот круг од разговорите за иранското нуклеарно прашање, што се одржаа по едногодишна пауза во процесот на преговори меѓу иранскиот страна и „шестката“, заврши на 7-ми декември 2010 г. во Женева. Средбата резултираше со согласноста на Иран да се одржи уште една средба во Турција за да се разледаат прашањата поврзани не само за нуклеарната програма на Техеран, туку и за изнаоѓање начини за поблиска соработка на меѓународен план, и покрај тоа што иранската страна тврдоглаво продолжува да одбива да разговара само за иранската нуклеарна програма, сметајќи го тоа за нивно неоттуѓиво право. Рускиот министер за надворешни рабооти Срергеј Лавров, кој во четвртокот во Истанбул присуствуваше на состанокот на турско-рускиот комитет за соработка на највиско ниво, изјави дека нуклеарната програма на Иран не треба да биде единствената точка на дневниот ред на оваа средба. Според Лавров, во Истанбул теба да се разговара и за други прашања, вклучувајќи ја и можноста за укинување на санкциите доколку Иран поефикасно соработува со Меѓународната агенција за нуклеарна енергија – ИАЕА, за темите од областа на економската соработка и заемните настапи на регионално ниво. „Шестката “ во 2003 г. заедно со ИАЕА побара од Иран да го суспендира збогатувањето на ураниумот, што може да претставува закана за нераспространувањето на нуклеарното оружје. Разговорите беа прекинати во 2009 г., кога Одборот на гувернери на ИАЕА го осуди Иран за изградба на втората фабрика за збогатување на ураниум и го повика Техеран да докаже дека „нема донесено решение за изградба на други нуклеарни објекти, кои не се пријавени до Агенцијата.“ САД и другите западни земји го обвинуваат Иран дека развива нуклеарно оружје под маската на цивилна програма за нуклеарна енергија. Техеран ги негира обвиненијата, велејќи дека неговата нуклеарна програма е насочена кон исполнување на потребите за електрична енергија на земјата, како и за медицински цели. Советот за безбедност на ОН во јуни 2010 г. донесе уште една резолуција, која предвидува построги санкции против Иран. Ова е четврта резолуција усвоени од страна на Советот за безбедност на ОН како одговор на неподготвеноста на Техеран за усогласување со меѓународните барања и давањето одговор на прашањата за иранската нуклеарна програма, вклучувајќи го и ота за наводниот воена компонента на програмата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната

Објавено пред

Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.

dobivaj vesti na viber

Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

Прикажи повеќе...

Регион

Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа

Објавено пред

Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ  распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.

dobivaj vesti na viber

Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.

„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсен украински министер

Објавено пред

Украинските антикорупциски тела денеска го уапсија министерот за земјоделство Микола Солски. Судот на министерот му изрече превентивна мерка притвор во траење од 60 дена, до 24 јуни. Сепак, Солски ќе биде ослободен од притвор доколку плати кауција од 75,7 милиони гривни (околу 1,7 милиони евра).

dobivaj vesti na viber

Обвинителството побара притвор поради ризик од попречување на истрагата, влијание врз сведоци и бегство. Тие истакнаа дека Солски во текот на вонредната состојба неколку пати ја минувал границата.

Адвокатот одговори дека Солски ја преминал границата поради службени патувања, освен во еден случај кога заминал на договорено отсуство. Тој се осврна и на тоа дека Солски како функционер може да патува во странство само со согласност на премиерот. Тој исто така изјави дека нема докази дека Солски би можел да се меша во истрагата или да влијае на сведоците.

Солски вчера понуди оставка откако беше осомничен за вмешаност во незаконско стекнување државно земјиште. Обвинителите тврдат дека Солски бил фатен дека поседува државно земјиште во вредност од 291 милион гривни и дека се обидел да добие друго земјиште во вредност од 190 милиони гривни.

Солски ги негира обвиненијата, за кои обвинителите велат дека се однесуваат на настани од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година. Солски е еден од најбогатите функционери во администрацијата на претседателот Володимир Зеленски.

Ако плати кауција, ќе мора да ја предаде својата обврзница на властите и нема да му биде дозволено да разговара со други осомничени и сведоци во случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 минути

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија22 минути

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет2 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет2 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет3 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион3 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет3 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија14 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија14 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија15 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија17 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија21 час

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ21 час

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија22 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија24 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија24 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија1 ден

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...