Свет
Масовни демонстрации на опозицијата во Бангкок
Уште еден масовен митинг на опозицискиот Обединет фронт за демократија против диктаторство (OFDD), ткн. „црвени кошули“, се одржа во тајландскиот главен град Бангкок, пренесуваат во неделата тајландските медиуми. Демонстрантите се собрале во долга колона во 13.30 по локално време на плоштадот Ратчапрасонг во деловниот кварт од Бангкок, предизвикувајќи блокирање на сообраќајот, пренесуваат светските агенции.Демонстрациите започнаа во областа во којашто минатата пролет беа подигнати голем број барикади кои на 19-ти мај владините трупи. Раководството на OFDD успеа да ги убеди трговците во областа Ратчапрасонг да не ги затвораат дуќаните и угостителските објекти ветувајќи дека без немири ќе ја напуштат областа/Една група се одделила и протестирала во старото историско јадро на Бангкок, каде им оддала почит на загинатите во минатогодишните протести.Судејќи според извештаите на локалните медиуми, овие демонстрации биле многу слични на „Маршот на демократијата“ што го одржаа „црвени кошули“ по улиците на Бангкок, пролетта на 2010 година. На чело на колоните биле украсени со црвени знамиња камиони, од чии приколки со силни разгласи биле емитувани изјавите на опозициските лидери и традиционална музика. Извор од тајландската полиција дека само кај Споменикот на демократијата биел собрани околу десет илјади луѓе.„Очекуваме дека до шест часот навечер ќе се соберат до 30 илјади демонстранти“, изјавил соговорник на AFP од безбедносните сили. Тој додал дека за одржување на редот и мирот во Бангкок биле ангажирани повеќе од седум илјади полицајци. Се очекува кулминација на протестите да биде видео обраќањето на поранешниот премиер и инспиратор на тајландски опозицијата, Таксин Шинаватра. Претходно на демонстрантите ќе им се обрати Чутупхон Промпха кој заради пратеничкиот имунитет остана на слобода по протестите ланската пролет а ја предводи опозициската „Пхиа Тхаи“ (За Тајалнд).Интернет изданието на Bangkok Post пренесе дека Промпхан изјавил дека демонстрациите во стариот дел од градот ќе завршат во недела навечер околу полноќ. /крај/ро/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

