Свет
Бројот настрадани од Домодедово постојано расте
Бројот настрадани во терористичкиот напад на меѓународниот московски аеродром Домодедово постојано се зголемува, изјавил за новинарите шефот на оперативниот оддел на територијалниот медицински центар за катастрофи на Московскиот регион Сергеј Емелјанов
„Како ќе се развива ситуацијата, се’ уште не знаеме, затоа што жртвите се приајвуваат, како што ние тоа го нарекуваме во ’гравитација’, не само во Москва туку и во населбите од Подмосковје: Видное, Жуковскиј, Чехов, Домодедово: Повредите кај настраданите се со различна сериозност, почнувајќи од.рани здобиени од шрапнели, контузии, модринки, експлозивни повреди, еден многу широк спектар на повреди“, рекол Сергеј Емелјанов, цитира РИА Новости. Тој додал дека соодветните служби имаат обезбедено доволно лекови и крвни резерви. Емелјанов, исто така, рекол дека „според првиот извештај за експлозијата во Домодедово биле упатени пет специјални возила бидејќи не била прецизна бројката повредени. Веднаш потоа биле испратени од Москва 40 екипи на Брзата помош вклучувајќи и возила за реанимација. Според последните информации бројката загинати изнесува 35 лица, хоспитализирани се 90, а вкупно медицинска помош им е пружена на 168 настрадани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Европа
Уапсен украински министер
Украинските антикорупциски тела денеска го уапсија министерот за земјоделство Микола Солски. Судот на министерот му изрече превентивна мерка притвор во траење од 60 дена, до 24 јуни. Сепак, Солски ќе биде ослободен од притвор доколку плати кауција од 75,7 милиони гривни (околу 1,7 милиони евра).
Обвинителството побара притвор поради ризик од попречување на истрагата, влијание врз сведоци и бегство. Тие истакнаа дека Солски во текот на вонредната состојба неколку пати ја минувал границата.
Адвокатот одговори дека Солски ја преминал границата поради службени патувања, освен во еден случај кога заминал на договорено отсуство. Тој се осврна и на тоа дека Солски како функционер може да патува во странство само со согласност на премиерот. Тој исто така изјави дека нема докази дека Солски би можел да се меша во истрагата или да влијае на сведоците.
Солски вчера понуди оставка откако беше осомничен за вмешаност во незаконско стекнување државно земјиште. Обвинителите тврдат дека Солски бил фатен дека поседува државно земјиште во вредност од 291 милион гривни и дека се обидел да добие друго земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски ги негира обвиненијата, за кои обвинителите велат дека се однесуваат на настани од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година. Солски е еден од најбогатите функционери во администрацијата на претседателот Володимир Зеленски.
Ако плати кауција, ќе мора да ја предаде својата обврзница на властите и нема да му биде дозволено да разговара со други осомничени и сведоци во случајот.