Свет
Експлозија во Египет го сопре снабдувањето со гас на Јордан
Во експлозијата предизвикани од непознати лица врз гасовод во северниот дел на Синај во Египет во близина на градот Ел Ариш, во близина на границата со Израел, го сопре снабдувањето со гас за Јордан, а не Израел, јавува сателитскиот телевизиски канал Al Jazeera
Рано утрото во саботата се случи експлозија на гасоводот во северниот дел на Синај на околу 70 километри од појасот Газа. Во моментов, пожарот кој избувна по експлозијата се’ уште не е локализиран. Според администрацијата на Северен Синај, во експлозијата не настрадала гасната станица во близината на местото на диверзијата, ниту во неа имало загинати и повредени. Од таа гасна станица се одвојуваат две крака за Јордан и Израел. Исто така, се додава дека експлозијата се случила далеку од населените места. Локалните жители велат дека чуле силна експлозија, а потоа висок пламен како се крева во воздухот.Властите тврдат дека се сигурни дека станува збор за саботажа изведена од диверзанти.И порано имало напад на тој гасовод. Во јули минатата година бедуините на Синајскиот полуостров се обиделе да го кренат во воздух во протестите против египетската влада која ја обвинија дека води дискриминирачка политика и која не се грижи за нив.
До денес докажани резерви гас во Египет изнесуваат 1,89 трилиони кубни метри. Извозот на егиептскиот гас се врши и преку гасоводот и во течен облик. Според обемот на извозот на течен гас, Египет е рангиран на шестото место во светот.Во Египет веќе 12. ден траат масовните протести против претседателот Хосни Мубарак кој е на власт 30 години, во кои според слободни проценки на стрнските агенции загинале околу 300 лица а ранети се неколку илјади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

