Свет
Доналд Трамп сериозно размислува за претседателска кандидатура
Познатиот американски бизнисмен Доналд Трамп изјави во интервјуто за CNN, дека „сериозно размислува“ за можноста да се кандидира за претседател на САД на изборите во 2012 година
Познатиот милијардер, претходно изјави за американските медиуми дека може да биде претседателски кандидат на Републиканската партија. „ Јас сериозно размислувам за тоа. До јуни нема да ја соопштам својата одлука. . Решението, коешто ќе следи, може да ги изненади луѓето. Јас ја сакам оваа земја и го мразат ова што се случува со земјата“, изјави Доналд Трамп за телевизијата. Според него, сега САД во светот служат за терање мајтап. „Не’ не почитуваат“, вели Трамп. Ако биде избран претседател, Доналд Трамп ветува дека ќе ја преиспита сегашната американска надворешна политика, особено во однос на Кина. „Првото нешто што ќе го сторам е да објавиме дека ние ќе воведеме 25 отсто данок на сите кинески производи. Тие веднаш ќе дојдат на преговарачка маса и ќе престане манипулацијата со нивниот курс. Јас ги гледам како непријатели“, рече Tрамп. Тој, исто така, го критикуваше ОПЕК. „Полош од Кина е – ОПЕК“, рече Трамп говорејќи за луѓе седнати на тркалезната маса на организација и ја диктираат цената на горивото. Според списанието Forbes, богатството на Трамп е проценето на две милијарди долари. Неговиот значаен финансиски успех се случи откако ток влезе во бизнисот со недвижнини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

