Свет
Иранската полиција употреби солзавец против демонстрантите

Иранската полиција употреби солзавец за да ги растера неколкуте илјади демонстранти што се собраа во Техеран, на забранетиот протест што го организира опозицијата во знак на солидарност со демонстрантите во Тунис и Египет
Голем број припадници од безбедносните сили со цел да ги разбијат демонстрантите се поставени околу сите главни плоштади на иранската престолнина а полицајци на мотори кружат низ градот.На некои места во градот имало и помали судири, а мобилните телефони не функционирале на местата каде што се одржувале протестите.Демонстрантите прошетале по улиците „Енгалеб“ и „Азади“ во Техеран до централниот плоштад „Аазди“, на кој традиционално се одржуваат протести.Силите за безбедност ги опколија куќите на опозициониот лидер Мирхусеин Мусавиј и на Мехдиј Карубиј, недозволувајќи да им се приклучат на демонстрантите.Двајцата лидери ја искористија официјалната поддршка што иранските власти им ја дале на масовните улични протести во Египет и во Тунис за организирање на демонстрации во Иран, но иранските власти не дозволија тие да се одржат.Опозицијата, сепак, ги повика приврзаниците да се соберат, а иранските власти ја предупредија опозицијата да не создава „безбедносна криза““.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.
Свет
Германскиот шеф на дипломатијата: Самитот во Унгарија е втор обид Путин да сфати сè сериозно

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денес изјави дека планираните разговори во Будимпешта меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се уште еден обид да се охрабри Путин да се вклучи во сериозни преговори, но нагласи дека Украина мора да биде вклучена во секоја одлука.
Вадефул го изјави ова за време на посетата на Анкара, каде што се сретна со својот турски колега.
Украина не беше поканета на разговорите меѓу Трамп и Путин.
Свет
Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека бил принуден да ја воведе поради потегот на Пекинг да ги заостри контролите на извозот на ретки метали неопходни за технолошката индустрија, пренесе „Ројтерс“.
Во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк“, Трамп рече дека мерката е одговор на одлуката на Кина да го прошири надзорот над извозот на минерали со кои таа доминира. И покрај остриот тон, тој потврди дека за две недели ќе се сретне со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Јужна Кореја, додавајќи дека сè уште е можен фер договор со Кина.
Пазарите реагираа позитивно по неговата изјава, берзанските индекси на Волстрит забележаа раст, а американскиот министер за финансии Скот Бесент и кинескиот потпретседател Хе Лифенг најавија телефонски разговор за продолжување на трговските преговори.