Свет
САД и Русија ќе почнат со спроведување на СТАРТ во март
САД и Русија ќе ја одржат својата прва формална средба за размена на информации во согласност со новиот договор СТАРТ на 22-ри март, пренесува Риа НовостиПоследната ваква средба помеѓу двете најголеми нуклеарни сили во светот беше одржан во јули 2009 година, кога се уште важеше стариот договор, СТАРТ 1. Според новиот договор, двете страни мораат да ја одржат својата прва средба за размена на информации најмногу 45 дена по стапувањето на сила на договорот. Новиот СТАРТ стапи на сила на 5-ти февруари. Според новиот договор за контрола на вооружувањето, појаснува американскиот помошник државен секретар Роуз Готемилер. САД ќе добијат „сеопфатна слика за животниот циклус на руските стратешки сили“, а Русија „ќе го добие истото“. „Нотификацијата според овој договор ќе биде многу поопширна и подетална отколку порано. Ќе користиме единствен идентификациски знак за секој проектил, без оглед на тоа дали се работи за поморски лансер, интерконтинентални проектили, земјени системи или бомбардери“, додава Готемилер. Таа соопшти дека САД веќе се подготвуваат за посетата на руските инспектори на нивните нуклеарни постројки, која треба да се случи во април. Новиот договор за намалување на стратешкото вооружување ги намалува нуклеарните арсенали на двете држави на максимум 1.550 боеви глави секоја, што е намалување од сегашниот максимум од 2.220. Договорот беше ратификуван од двете држави ко крајот на минатата година. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

