Свет
Протестите се приширија и на Џубути
Во саботата демонстрантите кои бараат оставка од владата се судриле со силите на безбедноста во Џибути, што според аналитичарите може да значи дека бранот од народни бунтови од Блискиот исток се проширува на замјите од ткн. Африкански рог, пишува Reuters
Министерот за внатрешни работи на оваа мала африканска земја Јасин Елми Бух изјавил дека најмалку еден полицаец е убиен во судирите во петокот, додека стотици демонстранти во главниот град Џибути барале заминување на претседателот Исмаил Омер Гуела.„Опозицијата сака со насилство да ја презема власта“, изјавил министерот Бух, додавајќи дека протестите во саботата се одржуваат засега само во квартот Балбала во главниот град. Според независни извори, во судирите смртно настрадал и најмалку еден демонстрант. Претседателот Исмаил Омар Гуела одржува сојузнички односи со САД кои во Џибути имаат и своја воена база, минатата година го измени уставот со што му се овозможува и да се кандидира за трет претседателски мандат. Инаку изборите треба да се одржат во април годинава. „Народот не сака диктаторски режим. Нашата слобода е во нашите раце. Нема да сопреме се додека не го оствариме својот сон.“, изјавил за Reuters еден од демонстрантите. Џубути е една од најмалите земји со околу 800 илјади жители и се наоѓа на ткн. Африкански рог. Од Јемен во кој со денови траат протести против тамошниот режим ја одделува тесниот теснец во Црвеното Море – Баб Ел Мандеб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.

