Свет
Протестите се проширија и на Џибути
Во саботата демонстрантите кои бараат оставка од владата се судриле со силите на безбедноста во Џибути, што според аналитичарите може да значи дека бранот од народни бунтови од Блискиот исток се проширува на земјите од ткн. Африкански рог, пишува Reuters. Министерот за внатрешни работи на оваа мала африканска земја Јасин Елми Бух изјавил дека најмалку еден полицаец е убиен во судирите во петокот, додека стотици демонстранти во главниот град Џибути барале заминување на претседателот Исмаил Омер Гуела.„Опозицијата сака со насилство да ја презема власта“, изјавил министерот Бух, додавајќи дека протестите во саботата се одржуваат засега само во квартот Балбала во главниот град. Според независни извори, во судирите смртно настрадал и најмалку еден демонстрант. Претседателот Исмаил Омар Гуела одржува сојузнички односи со САД кои во Џибути имаат и своја воена база, минатата година го измени уставот со што му се овозможува и да се кандидира за трет претседателски мандат. Инаку изборите треба да се одржат во април годинава. „Народот не сака диктаторски режим. Нашата слобода е во нашите раце. Нема да сопреме се додека не го оствариме својот сон.“, изјавил за Reuters еден од демонстрантите. Џубути е една од најмалите земји со околу 800 илјади жители и се наоѓа на ткн. Африкански рог. Од Јемен во кој со денови траат протести против тамошниот режим ја одделува тесниот теснец во Црвеното Море – Баб Ел Мандеб./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

