Свет
Најмалку 640 загинати во Либија
NULL
За време на анти владините протести во Либија загинале најмалку 640 луѓе, соопшти Меѓународната федерација за човекови права (ФИДХ). Овој податок кој го изнесе ФИДХ е за двојно поголем од билансот кој синоќа го објавија либиските власти. Од 640 загинати, како што соопштува ФИДХ, 275 се во Триполи, а 230 во Бенгази. Новиот биланс е направен по добиените податоци од „воени извори“ за Триполи, и податоци кои Либиската лига за човекови права ги обезбеди за Бенгази и за други градови, изјави за агенцијата Франс прес, Сухјар Белхасен, претседател на ФИДХ чие седиште е во Париз. Извештајот за бројот на загинати во Либија не ги вклучува евентуалните жртви во Тобрук кој се наоѓа на крајниот исток, бидејќи за овој град ФИДХ нема никакви информации. крај/б/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

