Свет
Гадафи го наредил атентатот во Локерби
NULL
Поранешниот министер за правда на Либија, Мустафа Абдел Џалил, тврди дека претседателот Моамер ел-Гадафи лично го наредил атентатот во Локерби во 1988 година. „Имам докази дека Гадафи издаде наредба за Локерби“, изјави Џалил за шведскиот весник „Експресен“. Во атентатот на авионот на компанијата „Пан-Ам“ на Локерби во Шкотска, на 21. декември 1988 година загинаа 270 лица, во најголем дел државјани на САД. Во 2001 година во врска со атентатот е осуден Либиецот, Абделбазет ал-Меграхи.„Тој (Моамер Гадафи) му нареди на Меграхи да го изврши атентатот“, рече Џалил за „Експресен“. Гадафи подоцна, поради здравствени причини, се заложи Шкотска да го ослободи Ал Меграхи, што и се случи на 20. август 2009 година. Гадафи, според Џалил, ова го стори како би ја прикрил својата одговорност. Единствениот осуден за атентатот е ослободен откако му е дијагностициран рак на простатата, а лекарите му прогнозираа дека ќе живее три месеци. Тој сеуште е жив, повеќе од 18 месеци и триумфалното враќање во Либија. крај/х/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

