Свет
Децата од фармите поотпорни на астма
NULL
Научните истражувачи утврдиле дека децата кои живеат на фарми имаат многу помали шанси да се разболат од астма, отколку оние во градовите, поради изложеноста на поголема разновидност на бактерии, објавува New England Journal of Medicine, пренесува Синхуа Ризикот од асма се намалувал како што растела разновидноста на микробите на кои биле изложени децата, покажува студијата спроведена врз 933 европски деца.Една од можните причини за ова е дека имуниот систем на децата треба да се „образува“ од бактериите, за да научи како да ги разликува „лошите“ бактерии од „добрите“, вели авторот на студијата Маркус Еге од Универзитетската болница за деца во Минхен, Германија. Тој додава и дека е можно „добрите“ бактерии да ги напаѓаат и уништуваат „лошите. Но, научниците се уште не можат прецизно да објаснат како бактериите на фармите штитат од оваа болест. Но, оваа студија може да им помогна да сфатат зошто ризикот од асма кај децата во изминативе 30 години е двојно зголемен. Според Федералниот центар за контрола на болести во Атланта, САД, околу едно од десет деца во САД боледува од асма. /крај/Xinhua/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

