Свет
ОН воведуваат нови мерки кон Либија
NULL
Членките на Советот за безбедност при ОН вечерва постигнаа договор да разговараат за нови мерки против режимот на либискиот лидер Моамер ел Гадафи кои би вклучиле и воведување на санкции против Либија.Како што наведуваат дипломати од седиштето на ОН во Њујорк, британскиот амбасадор,Марк Лајал Грант рекол дека на затворените консултации на Советот мора да се разгледаат следните чекори кон Либија со оглед ма тоа дека Гадафи не излезе во пресрет на барањата да запре насилството кон анти-владините демонстранти.На седницата не е одреден датум кога би се разговарало за воведување на меркикон Либија, но дипломатите велат дека до тоа би можело да дојде уште утре или за време на викендот.Амбасадорот на Германија Петар Витинг, за новинарите изјавил дека Советотза безбедност треба да превземе акција./крај/бе/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

