Свет
САД ги суспендираа дипломатските односи со Либија
NULL
САД соопштија дека од денеска ќе воведат снакции кон Либија и дека ги суспендираат дипломатските односи со таа земја. Портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни, за Ројтерс изјави дека „амбасадата на САД во Триполи ќе престане да работи и дека персоналот ќе биде повлечен“. Карни исто така изјави дека Вашингтон воведува еднострани снакции, во координација со своите сојузници и другите држави, не прецизирајќи кои мерки САД ги превземаат против Либија. Тој додаде дека легитимитетот на Моамер ел-Гадафи е „сведен на нула“ и дека либискиот лидер ја загубил довербата кај својот народ. Затворањето на амбасадата во Триполи и воведувањето снакции кон Либија го потврди и портпаролот на Стејт демартментот, Филип Краули. Тој истакна дека безбедноста на Американците во Либија останува да биде приоритет за американската дипломатија и додаде дека Стејт департментот преку други мисии ќе пружа помош во Либија. крај/танјуг/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

